Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новинари во посета на компаниите на бизнисменот Кочо Анѓушев – ФЕРОИНВЕСТ/ЦЕНТРАЛИНВЕСТ ИЗГРАДИ БИОГАСНА ЕЛЕКТРАНА
Економија

Новинари во посета на компаниите на бизнисменот Кочо Анѓушев – ФЕРОИНВЕСТ/ЦЕНТРАЛИНВЕСТ ИЗГРАДИ БИОГАСНА ЕЛЕКТРАНА

24/05/2023

AA

Холдингот Фероинвест/Централинвест во сопственост на Кочо Анѓушев изгради биогасна електрана, како дел од својата групација на електрани од обновливи извори.

Сега во своја сопственост има мали хидроелектрани, фотоволтаични електрани и биогасна електрана. 

Според Анѓушев, биогасната електрана е најстабилен производител на т.н. чиста и еколошка електрична енергија, бидејќи нејзиното производство не зависи од ветер, сонце или вода туку целосно може да се контролира. 

„Ова е покажување на дело на тоа што јас постојано и го зборувам-дека на Македонија и е потребна диверзификација на инвестициите во обновливи извори. Ние тоа го правиме и со овој пример уште еднаш упатувам апел – паметно и со план да се инвестира во обновливи извори, а државата стратегиски да ја води енергетската транзиција и да не се прави концентрација само на еден извор”- рече Анѓушев. 

Коинвеститори со Анѓушев во биогасната електрана во с. Сарамзалино во општина Лозово, светиниколско, се најголемата фарма за одгледување свињи во Македонија, АГРИА, на Перо Колевски и фирмата за амбалажа од Охрид, АСП-ПАК на Петар и Спасе Спасески. 

Според Колевски, на овој начин трајно и системски се решава прашањето со екологијата и одложувањето на отпадот од фармите, а во иднина планираат како био-гориво да се користи и отпадот од кланиците. 

Биогасната електрана, како што наведе Спасе Спасески, го решава проблемот и со увозот на вештачки земјоделски ѓубрива, бидејќи како нуспродукт биогасната електрана дава домашно органско ѓубриво кое останува на крајот на технолошкиот процес по производството на електрична енергија. 

Електраната во с. Сарамзалино е со моќност од 2 MW(мегавати), се градеше две години и чини 12 милиони евра. Станува збор за биогасна електрана од последна генерација со најмодерна инсталирана технологија. Годишно ќе произведува 16.640 MWh електрична енергија која може да ги задоволи потребите на 15 илјади луѓе,  ќе произведува топлинската енергија која ќе може да  загрева плантажи на 6 хектари земјоделско земјиште и ќе произведува 40.000 тони природно земјоделско ѓубриво. 

Покрај посетата на биогасната електрана во светиниколско, новинарите можеа да видат како работи и компанијата БРАКО во Велес, исто така во сопственост на Анѓушев, каде со најсовремени машини, стручно инженерско знаење од македонски инженери и роботизирано производство во четири фабрики се произведуваат електрични, хидрогенски и дизел возила за чистење, тешки метални конструкции, жичани производи и медицинска опрема, и 95 отсто од производеното се продава надвор од Македонија. 

Објавуваме и видеа и изјави од посетата на новинарите на овие компани.

Линк до видеа: https://we.tl/t-Byb3OxYXrM

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy