Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИНАРИ ЈА ПРАШАА БРНАБИЌ ЗОШТО НЕ ЗАПАЛИЛА СВЕЌА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО НОВИ САД:  Taa не сакаше да одговори на ова и друго прашање
Регион

НОВИНАРИ ЈА ПРАШАА БРНАБИЌ ЗОШТО НЕ ЗАПАЛИЛА СВЕЌА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО НОВИ САД: Taa не сакаше да одговори на ова и друго прашање

06/11/2024

AA

Новинари ја прашаа претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ зошто не запалила свеќа за жртвите во Нови Сад. 

Брнабиќ прво не сакаше да одговори, а потоа кажа дека тоа е нејзина лична работа.

„И не се чувствувам како некој кој сака да одговори на тие прашања во овој момент, од сите луѓе“, рече Брнабиќ. 

За тоа зошто хулиганите со палки кои во одреден момент се придружиле на вчерашниот протест не се уапсени и зошто им било дозволено да прават немири, таа не одговори.

Претседателката на парламентот на Србија изјави дека сакаат и бараат целосна одговорност за сите – и кривична, и морална и политичка за несреќата во Нови Сад каде загинаа 14 луѓе, откако на Железничката станица се урна натстрешницата.

„Ќе инсистираме на тоа и нема да сопреме додека тоа целосно не се исполни. Сакам уште еднаш јасно и недвосмислено да го осудам насилството на кое сведочевме вчера во Нови Сад. Такви слики и глетки не ѝ служат на чест на Србија ниту на нашето општество“, изјави Брнабиќ.

Таа го осуди сквернавењето на знамето, уништувањето на приватниот и јавниот имот. 

„Да го осудам сето она што го видовме, од мокрењето на Градската куќа до цистерната со фекалии за некој да ја полева Градската куќа“, кажа таа и додаде дека ги осудува и оние кои „таквиот идиот не го спречиле“.

Наведе дека тоа не е само навреда, туку дека е загрозено јавното здравје на граѓаните на Нови Сад.

Меѓу 14-те загинати беше и македонскиот научник, Васко Саздовски. 

Девет лица се уапсени за наредите синоќа во Нови Сад. Протестите излегоа од контрола и имаше насилства. 

foto EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Не Милка, туку Виктор Апостолов ја дизајнираше дискотеката“: Одбраната на

02/12/2025
Македонија

„Не знаел дека ќе биде дискотека“: Газдата на објектот тврди

02/12/2025
Македонија

32-годишна жена истепана од сопругот со кого е во бракоразводна

02/12/2025
Македонија

СКАНДАЛ ВО КОЧАНСКАТА ПОЛИЦИЈА Двајца полицајци се суспендирани откако тепале

02/12/2025
Македонија

Мицкоски: Никој нема право да ги одземе покачените пензии на

02/12/2025
Македонија

Синот на газда Деко сакал да се убие: Михаил во

02/12/2025
Македонија

Директорот на Царина: Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти

02/12/2025
Македонија

ИНСТАЛАЦИИТЕ НА СДСМ ВО ПРАВОСУДСТВОТО ЦЕЛО ВРЕМЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА

02/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38381
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Не Милка, туку Виктор Апостолов ја дизајнираше дискотеката“: Одбраната на Едровска открива ново име –

02/12/2025

„Во јавноста се создаде погрешен впечаток дека Милка Едровска е креатор на дискотеката. Тоа не е точно. Таа не ја

„Не знаел дека ќе биде дискотека“: Газдата на објектот тврди дека само го издал просторот

02/12/2025

„Гроздан не бил известен од првообвинетиот каква дејност ќе се обавува во објектот. Во договорот за закупу не е наведена

32-годишна жена истепана од сопругот со кого е во бракоразводна постапка

02/12/2025

На 02.12.2025 во 02:00 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена од Скопје пријави дека на 30.11.2025 околу 00:00 часот во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy