Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новинар од Телма не бил бркан местото каде што седеа косовските новинари, рече претседателот на Собранието откако ги прегледал снимките од безбедносните камери
Македонија

Новинар од Телма не бил бркан местото каде што седеа косовските новинари, рече претседателот на Собранието откако ги прегледал снимките од безбедносните камери

05/02/2024

AA

Новиот претседател на Собранието Јован Митрески вечерва во интервју за 360 степени рече дека косовските новинари не биле привилегирани, за разлика од новинарите од Македонија.

Тој во емисијата рече дека и до него пристигнале реакции за наводно отстранување на дел од новинарите од Македонија кои седнале на местата на амбасадорите. По писмото од Здружението на новинари, тој го повикал одговорниот за обезбедување во Собранието, заедно ги прегледале снимките од безбедносните камери и заклучиле дека немало отстранување на новинари од Македонија кои седнале позади новинарите од Косово.

„Јас не знам која била нивната улога, како што информиравме претходно, имаше и реакција од Здружението на новинари на Македонија и со допис од Кабинетот одговоривме на тоа. Сѐ што може да биде присутно во галеријата е новинари што имаат соодветни акредитации. Такви акредитации имаа сите присутни во галеријата на Собранието. Пред самиот почеток на седницата бев известен од службите дека има голема заинтересираност, прашав дали има најава за присуство на странски гости, претежно амбасадори коишто во некои случаи доаѓаат да следат седници. Прашав дали се присутни од кабинетот на претседателот, коишто исто така имаат свој простор во галеријата. Кога добив информации дека нема други гости, дадов налог да се отвори целосно галеријата за да се обезбеди присуство на сите новинари, уредници, камермани, за следење на седницата. Фактички, такви случаи сме имале претходно за седници кои будат голем интерес кај јавноста. Имало случај за присуство на странски медиуми кога се гласало отворањето на Уставот, поврзано со Преспанскиот договор, кога се гласале заклучоците по францускиот предлог, претежно кога се избираат нови влади, така што, таа беше мојата одлука што ја донесов, за да се обезбедат услови за сите уредници, новинари, камермани, да може да имаат соодветни услови да пренесуваат тоа што се случува“, кажа Митрески.

Собранискиот спикер уверува дека галеријата била достапна еднакво за сите медиумски работници, иако во дел од медиумските извештаи тој ден, како, на пример, на ТВ Телма, можеше да се слушне дека нивниот известувач седнал во редот веднаш зад гостите, но собраниското обезбедување му кажало да се премести.

На дополнително прашање од водителот, дали му се допаѓање атмосферата за избор на нова Влада, алудирајќи на поздравувањата на кандидатите министри со новинарите од Косово и еуфоријата која ДУИ ја правеше во салата. Тој одговори дека не видел ништо невообичаено во салата, додавајќи дека неговото мислење е неважно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy