![Новинар доби повик среде прес-конференцијата, Клоп ги насмеа присутните (ВИДЕО)](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/02/218939-novinar-dobi-povik-srede-pres-konferencijata-klop-gi-nasmea-prisutnite-video-jpg.webp)
Новинар доби повик среде прес-конференцијата, Клоп ги насмеа присутните (ВИДЕО)
Додека слушаше прашање од еден новинар, на друг му заѕвони телефонот кој беше поставен токму пред Клоп. Германецот го прекина разговорот и се обрати кон присутните.
„Стоматологот се јавува, мора да е итно“, рече Клоп, држејќи го телефонот. Новинарот кој доби повик се извини и рече дека навистина е важно, а Клоп низ смеа дофрли: “Да, можам да замислам“.
Пред Ливерпул е важен меч во борбата за шампионската титула, против Арсенал на Емирејтс. Предноста на „црвените“ кои се на чело на табелата изнесува пет бода пред Манчестер Сити, но со натпревар повеќе.