
Новинар ја оцени вратоврската на Груби како милитантна – вицепремиерот ја извади и порача дека и чорапите му се такви!
Еден од новинарите денеска на прес конференција ја оцени како милитантна вратоврската на првиот вицепремиер Артан Груби и го праша каква порака сака да се испрати со неа.
На ова, Груби ги покажа и чорапите за кои кажа дека и тие се такви, а потоа ја извади вратоврската.
„Не е само краватата, и чорапите се. Се работи за стил, но ако така се интерпретира, јас ќе си ја тргнам и нема да ја ставам никогаш повеќе. Ќе ви ја подарам вам“, рече Груби.
