Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Фотоцентрали и на плодно земјоделско земјиште
Економија

НОВИ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Фотоцентрали и на плодно земјоделско земјиште

31/10/2023

AA

Фотонапонски централи и ветерници ќе може да се градат и на најдоброто земјоделско земјиште во Македонија со Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште кој од вчера е најавен на платформата на единствениот национален електронски регистар на прописи.

Министерството за земјоделство предлага големите странски стратешки инвеститори да може да градат енергетски објекти на најплодните земјоделски површини од прва, втора, трета и четврта класа.

„По исклучок
од став 2 и 3 на овој член земјоделското земјиште од I до IV катастарска класа може да биде
предмет на пренамена доколку урбанистичкиот проект е за планирање на градби за
кои со закон е уреден стратешки интерес и пренамената се врши со донесувањето
на законот со кој е уреден стратешки интерес“, се вели во предложениот закон.

Земјоделското земјиште од трета и четврта класа ќе може да се пренамени во градежно заради изградба на енергетски објекти во наменски зони, со измени во еден од членовите.  

„Земјоделското
земјиште од III и IV катастарска класа може да биде пренаменето заради
донесување на урбанистички проект вон опфатот на урбанистички план и
урбанистички план вон населено место со кое се планира наменска зона за
енергетски градби (хидроелектрични централи, термоелектрични централи,
нуклерани електрани, ветерни електрани, концетрациони сончеви електрани,
електрани на биогориво и површински соларни и фотоволтаични електрани) само
доколку во катастарската општина за каде се планира донесување односно одобрување
на урбанистичкиот план односно урбанистичкиот проект нема земјоделско земјиште
од пониска катастарска класа.“, нагласено е во законските измени.

Во членот 51 има уште една значајна измена, а тоа е и дека самите пасишта како земјоделски површини може да се пренаменат во градежни, алудирајќи на тоа дека и таму ќе се градат фотоцентрали.

„Земјоделското земјиште
под култура пасиште може да се пренамени во градежно во постапка пропишана со
Законот за урбанистичко планирање или да се користи за неземјоделски цели
согласно со членот 51 од овој закон.“ гласи измената. Според предлагачот, во другите случаи плодното земјоделско земјиште останува заштитено со дефинирани прописи дека не може да се користи за производство на електрична енергија.

Точно пред една година на ЕНЕР се најде закон со кој се создава можност за искористување на земјоделското земјиште во производството на електрична енергија. Во членот 51-а став 1 по зборовите „обработка на земјоделски производи“ се додадоа зборовите „и фотонапонски панели“. Поставување на фотонапонски панели на земјоделско земјиште од класа пет до класа осум се предвидуваше со измените на Законот за земјоделско земјиште, кој беше изработен до завршна процедура. Власта тоа го бранеше дека класите пет, шест, седум и осум не се особено плодни.

Земјоделци веќе реагираа дека на овој начин се уништува земјоделското земјиште што се користи за производство на храна. Според нив, и земјоделското земјиште од петта до осма класа може да се користи за производство на земјоделски култури што не бараат поголема земјоделска обработка. И познавачите на состојбите велат дека во услови на глобален недостиг на храна, непотребно е да се носат измени во закон што предвидуваат поставување фотонапонски централи на земјоделско земјиште.

Енергетски експерти рекоа дека поставувањето фотонапонски централи се прави без план, бидејќи произведената електрична енергија од овие централи треба да се балансира, а ние немаме толкав хидропотенцијал за балансирање. Според нив, треба да се направи баланс помеѓу производството на храна и „трката“ за брз и евтин профит.

Некои општини не дозволуваа изградба на фотоволтаични централи на земјоделско земјиште до 4-та класа со одбивање на барањата поднесени од инвеститорите. 

Општините имаат надлежност да издаваат дозволи само за моќност на објекти до 10 мегавати, додека над тоа обврската е на Државата.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy