
НОВИ САД: Падна автобуска постојка
Во српскиот град Нови Сад падна автобуска постојка, но нема повредени.
Постојка за градски автобуси утрото падна на булевар „Европа“ во Нови Сад, јавуваат локални медиуми.
Остатоците од постојката беа брзо отстранети, конструкцијата беше откорната од бетонот, додека парчиња стакло беа расфрлени околу постојката.
„Според наши сознанија, настрешницата е срушена од патничко возило“, соопштија од новосадското Градско сообраќајно претпријатие за 021.
На 1 ноември годинава во овој град се урна натстрешница на Железничката станица каде загинаа 14 луѓе. Потоа во болница, уште една девојка почина поради повредите. Меѓу загинатите беше и македонскиот научник Васко Саздовски.