Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИ ПРАВИЛА ЗА СУДИИТЕ: Собранието го изгласа Законот за Судски совет – Власта најавува реформи, Апасиев бара крај на „трајните мандати“
Македонија

НОВИ ПРАВИЛА ЗА СУДИИТЕ: Собранието го изгласа Законот за Судски совет – Власта најавува реформи, Апасиев бара крај на „трајните мандати“

29/12/2025

AA

Собранието го изгласа новиот Закон за Судски совет. За парламентарното мнозинство, ова е „најдоброто законско решение досега“ кое ќе ја врати изгубената доверба во правосудството, но опозицијата и помалите партии имаат сериозни забелешки, иако дел од нив го поддржаа гласањето.

​Целта на законот е отстранување на системските слабости преку воведување повисоки стандарди за транспарентност и отчетност.

​Левица: „Шминка“ на стариот закон

​Иако опозицијата го даде својот глас, тие забележаа дека недостасувала поширока јавна расправа и консултација со Венецијанската комисија.

Најостри во критиките беа од Левица. Лидерот Димитар Апасиев смета дека се работи за речиси исто законско решение каде е сменета само една третина од содржината.

​„Ова нема да стави крај на судските саги. Сè уште не е прецизирана одговорноста за судиите и постапката за нивно разрешување, освен онаа за претседателот на Судскиот совет. Судиите мора да имаат јасно утврден мандат, а не траен“, порача Апасиев.

​Што носи новиот закон?

​Клучните новини кои треба да го „дисциплинираат“ Судскиот совет вклучуваат:

​Јавност во постапката за разрешување на претседателот на Судскиот совет.

​Строги критериуми за избор на членови кои се дефинираат како „истакнат правник“.

​Јавна расправа при изборот на кандидати за не-судски членови, со цел да се избегнат партиски влијанија.

​Засилена одговорност и прецизирана постапка за дисциплинска одговорност на судиите.

​„Дупка“ во законот: Аљбан Кадриу ќе се бира по старо

​И покрај строгите критериуми што се воведуваат, тие нема да важат за сите. Полицискиот инспектор од Тетово, Аљбан Кадриу, кого Собранието го предлага за член на Судскиот совет, ќе биде избран без заострените критериуми.

Причината е што неговата постапка за избор била започната пред донесувањето на новиот закон, па тој ќе „се провлече“ според старите правила.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и

22/09/2026
Македонија

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите

22/09/2026
Македонија

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026
Македонија

ЛЕТОТО СЕ ВРАЌА НА КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ Македонија може повторно

22/09/2026
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и дневен престој се клуч за

22/09/2026

Ниту еден наставник со договор на неопределено време не остана без работа по фузијата на околу 450 паралелки во основното

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите на македонската делегација во Вашингтон

22/09/2026

На телевизија Телма во емисијата „Директно” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека американската турнеја на

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026

„Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша. Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy