Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА – од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра
Економија

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА – од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

04/01/2025

AA

Грчката влада е решена да генерира повеќе приходи од туризмот. Имено, стапи на сила одлуката за зголемување на цените на туристичките такси, па патниците годинава ќе треба да издвојат значително повеќе пари.

Ќе се применуваат туристички такси во различни сектори – дневни такси за сместување, градски такси и такси за крстарење – што значително ќе го поскапи престојот во Грција.

Така од 2025 година туристите во Грција ќе плаќаат дневен данок од две евра, наспроти сегашните 0,5 евра. Овој данок ќе се зголеми на осум евра за време на високата сезона, во која се вклучени месеците меѓу април и октомври. Во моментов дневната такса во текот на сезоната е 1,5 евра.

Покрај овие даноци, престојот во хотели со висока класа може да чини и до 15 евра, додека другите алтернативи за сместување имаат пониски даночни стапки.

Патувањата чинат пари

Кога станува збор за крстарењата, грчкиот туризам годинава треба да доживее бум и да ја надмине границата од осум милиони посетители, што е раст од 20 проценти на годишно ниво.

– Нашата цел е да собираме 400 милиони евра годишно, што е речиси двојно повеќе од сумата што ја постигнавме минатата година – изјави за Ројтерс висок функционер на Министерството за финансии.

Таксата за крстарење што туристите ќе треба да ја платат во 2025 година во голема мера ќе зависи од дестинацијата. Така, посетата на Санторини или Миконос чини 20 евра, додека посетата на други градови и острови, вклучувајќи ги Атина и Крит, чини пет евра дневно.

Таксата за крстарење првпат беше предложена во јуни по загриженоста за капацитетот на островот Миконос, кој има само 12.000 жители. Миконос има ограничени туристички капацитети и во текот на сезоната беше преоптоварен со и до 20.000 патници дневно, кои доаѓаа на крстарења од дури осум бродови. Во најпрометните летни денови во 2023 година, Санторини примил 17.000 посетители, додека населението на островот е 15.500.

Даночните приходи ќе бидат насочени кон туристичката инфраструктура

Поради климатските промени, Грција често се соочува со природни катастрофи, како што се поплави, суши и шумски пожари, кои ги оптоваруваат јавните финансии на земјата. За справување со овие настани, се очекува приходите од даноците да бидат насочени кон подобрување на туристичката инфраструктура.

Земјата е силно зависна од туризмот и работи на подобрување на својата економија по излегувањето од должничката криза во 2018 година. Се проценува дека Грција е третата земја со најголем долг кон САД.

Според последните податоци на Банката на Грција, од јануари до август 2024 година Грција ја посетиле вкупно 24,89 милиони странски туристи, со што оствариле промет од 15 милијарди евра. Во оваа земја доаѓаат туристи од целиот свет – Франција, Шпанија, САД, Италија, Турција…

БизнисКурир/Бизнис.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy