Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нови политичари од Македонија на црната листа на САД: „Како Америка на илјадници километри гледа корупција, а нашите истражни органи не гледаат“, праша премиерот
Македонија

Нови политичари од Македонија на црната листа на САД: „Како Америка на илјадници километри гледа корупција, а нашите истражни органи не гледаат“, праша премиерот

21/06/2023

AA

Американскиот Стејт Департмент вчера го стави градоначалникот на општина Струга и член на партијата на власт од албанскиот блок ДУИ, Рамиз Мерко на црна листа за влез во САД поради тоа што е вмешан во значајна корупција и се мешал во донесувањето на судски пресуди.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека македонските истражни и правосудни органи треба да се запрашаат како САД дошле до информации, а тие не дошле до такви податоци изминативе години.

„Наводите кои што се наведени како основ за ставање на црна листа на градоначалникот на Струга и неговото семејство се сериозни. Се работи за неколку основи и од тоа пораката е дека нашите институции, зборувам за истражните и правосудните органи, треба да ги испитаат наводите кои што се наведени во самото соопштението на Стејт Департментот. Исто така тие треба да се запрашаат како тоа САД дошле до такви информации на кои што ја базирале својата одлука, а се наоѓаат на неколку илјади километри од тука, а нашите органи не дошле до такви податоци во текот на сите изминати години. Ова само уште еднаш потврдува дека на нашиот истражен и правосуден систем му треба генерален ремонт со оглед на тоа дека сакаме да живееме во европска држава“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Ова е само почеток, најавува амбасадорката на САД во Република Северна Македонија. Таа вели дека поседуваат цврсти докази за корупција кај градоначалникот и член на ДУИ.

„Се врши ревизија на сите докази на се што е утврдено и има една листа на имиња кои се во процес на ревизија и разгледување, откако ќе биде утврдени сите факти тогаш се носи одлука. Ние не можеме да кажеме што понатаму,  Владата и судството треба да преземат мерки, но ние ќе продолжиме да соработуваме со тие кои имаат волја да соработуваат со нас“, изјави амбасадорката на САД во РСМ Ангела Агелер.

Координаторот за антикорупција на Стејт департментот вели дека означувањата имаат цел да ја покажат поддршката на САД за владеењето на правото и напорите за борба против корупцијата низ целиот свет.

Ако државниот секретар на Стејт Департментот има веродостојни информации што укажуваат на вмешаност во значителна корупција, тој треба да наметне ограничувања за виза. И така, од гледна точка на законот, од нас се бара да дејствуваме кога тие информации се достапни.

Нефју додаде дека не прави разлика дали санкциите се однесуваат на поранешен или сегашен функционер.

„Повторно, дел од причината зошто ги правиме овие работи е да ги поддржиме актерите од граѓанското општество, да ги поддржиме оние кои се обидуваат да бараат одговорност од корумпираните актери“, кажа американскиот координатор за корупција.

Лани САД ги ставија на црна листа пранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков заради нивна вмешаност во „значителна корупција“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41540
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за семејно насилство

16/02/2026

Скопјанец на 34-годишна возраст е уапсен вчера вечерта откако попладнето сопствените мајка и сопруга го пријавиле дека ги нападнал, а

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река во Кичево

16/02/2026

По излевањето на Зајаска Река, Кичево ги санира штетите од новите поплави што настанаа поради обилните врнежи од дожд. Над

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре ќе користат маневарска муниција

16/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy