
НОВИ МЕТЕО ДЕТАЛИ: Следната недела подгответе се за пролет во вистинска смисла на зборот!
Стабилизирање на времето и позначителен пораст на температурите ќе има од понеделник па натаму, објави метеорологот Славчо Попоски.
Иако и тогаш ќе има услови за слаб локален дожд, сепак ќе има повеќе сончеви периоди а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет.
Во Скопје денес и понатаму ќе има повремен дожд, а од утре ќе има значително постабилно време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени. Наутро ќе бидат од -1 и 4 степени.