
Нови главоболки за Анчелоти: Мбапе даде гол, па се повреди
Французинот во десеттата минута го отвори резултатот на мечот, а на десет минути пред крајот излезе од игра. Во еден момент, тој само седна на тревата и даде знак кон клупата дека не може да продолжи. Од она што можеше да се забележи, тој почувствува болки во задната ложа и мораше да замине во соблекувална.
По излегувањето на Мбапе, Аталанта успеа да израмни од пенал. Со Мбапе, продолжија проблемите со повреди во Реал Мадрид кој речиси на секој натпревар останува без некој фудбалер.

