
Нови експропријации за Коридорот 8 кај Гостивар
Владата донесе одлука со која 16 парцели од приватно земјиште се предаваат во владение на Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на делницата Гостивар–Букојчани од Коридорот 8. Се работи за земјоделско земјиште од катастарските општини Гостивар 2, Дебреше и Бањица, за кои веќе се спроведени решенија за експропријација од страна на Министерството за финансии.