Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нови докази на судењето: Прикажани снимки од насилство на Стојанче врз Ивана
Македонија

Нови докази на судењето: Прикажани снимки од насилство на Стојанче врз Ивана

15/04/2026

AA

Со прикажување на видео-снимки од безбедносни камери, денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за семејно насилство што, според обвинението, довело до трагичниот исход во кој неговата сопруга го загубила животот.

Обвинителството презентираше снимки направени во близина на судскиот комплекс во Скопје, каде што, според наводите, се случил дел од насилството. На видеото се гледа како обвинетиот во два наврати ја удира својата сопруга Ивана, при што во еден момент, од силината на ударот, ѝ се поместува главата.

Инцидентот се случувал во текот на денот, на јавно место, во близина на гаражите кај судовите. На снимките е забележано и пристигнување на полициски службеници, кои интервенирале по пријава од страна на сега починатата жена.

Според презентираните материјали, полицијата разговарала одделно со сопружниците, а како сведок на настанот се појавува и Мартин Саздов. По разговорот, полицајците си заминале, иако, како што посочи обвинителството, од однесувањето на жената можело да се забележи вознемиреност.

Обвинителката истакна дека на жената ѝ било укажано дека, доколку повторно пријави, може да се соочи со пријава за лажно пријавување, што отвора прашања за постапувањето на институциите во конкретниот случај.

Инаку, снимките кои беа презентирани во судница се направени неколку часа пред трагичниот настан, во кој жената се фрлила од балкон заедно со детето.

Судењето продолжува со изведување на дополнителни докази и сведочења.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy