
НОВИ ДЕТАЛИ ЗА МАСАКРОТ ВО СРБИЈА: Професорка по математика ја заклучила вратата, момчето сакало да ја убие
Поминаа четири дена од незапаметената трагедија во Белград, каде момче уби 9 луѓе.
Медиумите од регионот пишуваат дека додека детето ранило 6 ученици и професорката по историја, професорката по математика штом слушнала пукање, ја заклучила вратата и така се спасила.
„Веднаш сфати што се случува. Реагираше смирено, се снајде во таа ситуација и ја заклучи вратата“, раскажува дедо на внука која била на часот.
Вели дека и таа училница била на списокот на детето убиец.
Учителката им рекла на децата да застанат до ѕидот или да се скријат под клупите и да чекаат ситуацијата да се смири, пренесува Курир.
FOTO: NEMANJA NIKOLIĆ