Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нови детали: Палчо жртвите ги криел во дупките кои ги копал за пронаоѓање злато
Македонија

Нови детали: Палчо жртвите ги криел во дупките кои ги копал за пронаоѓање злато

04/12/2023

AA

Дупките кои ги копал со цел да најде злато, потоа ги пополнувал со лешеви. Морничави нови детали од двојното убиство извршено од страна на Љупчо Палевски Палчо открива 4NEWS.mk вечерва.

Според наши извори и Обвинителството официјално од попладнево има отворено истрага за двојното убиство извршено од Палчо. Веќе објавивме порано денеска дека токму тој го испукал куршумот кон Вања.

Затскриена зад грмушки и дрвја, на тешко пристапен терен и далеку од сѐ, е дупката каде што бил закопан Панче Жежовски. Се наоѓа надвор од Велес, но е во близина на село. Сѐ уште има остатоци и предмети од активностите кои се случувале на ова место.

Љупчо Палевски Палчо во мај годинава бил фатен со нелегално оружје во близина на тунелите Демир Капија Јаворица. Според полициски информации Палевски бил фатен заедно со уште три други лица како бараат злато, а се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење.

Ова не е прв случај кога Палевски бил фатен во незаконски дејствија.

Oд МВР денеска излегоа со информации за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период.

Во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник. Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, велат оттаму.

Во јуни 2020 година бил уапсен поради непочитување на мерката за самоизолација. Палевски тогаш се вратил од странство, но наместо да седи во својот дом, полицијата го пронашла во кафуле во центарот на Скопје, па го привела во ПС Центар.

Бизнисменот Палчо, во септември истата година беше приведен на белградскиот аеродром на пат кон Москва, а по осум месеци, повторно беше пуштен на слобода, по што се вратил во Македонија.

Тој беше уапсен по потерница на Хрватска, за некаков наводен долг на негова фирма во оваа земја.

Палчо беше осомничен и во една од предистрагите на СЈО „Никола Тесла”, поради што во неговиот дом беше направен претрес.

Наводно беа пронајдени “бомби”.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy