
НОВИ БОЈКОТИ НА МАРКЕТИ: Романците и Бугарите по примерот на Хрватите ќе се побунат за инфлацијата
Потрошувачите во Романија и Бугарија повикани да ги бојкотираат супермаркетите поради инфлацијата.
Во земјата на бојкот повика екстремната десница.
„Вакво зголемување на цените е неприфатливо“, изјави поранешниот претседателски кандидат Калин Георгеску во видео на Фејсбук.
За бојкот на супермаркетите во Бугарија повикаа разни организации. Овие две држави имаат висока инфлација на ниво на Европската Унија(ЕУ).
Прво Хрватите почнаа да бојкотираат, а потоа истото го направија и македонските, црногорските, босанските работници.
foto freepik.com
