Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нови 100 возила за „Пошта“: Крај на доцнењата со пратките
Македонија

Нови 100 возила за „Пошта“: Крај на доцнењата со пратките

15/04/2026

AA

По години соочување со недостиг на транспортни средства и доцнења во испораките, Македонска пошта доби значајна поддршка за модернизација на своето работење. Со набавка на 100 нови возила, се очекува значително подобрување на квалитетот и брзината на поштенските услуги.

Директорот на претпријатието, Охран Куртеши, информираше дека станува збор за 90 пикап возила и 10 комбиња, кои ќе помогнат во надминување на долгогодишниот проблем со транспортот.

„Недостигот на возила беше сериозен предизвик во извршувањето на нашите задачи. Со оваа поддршка значително ја подобруваме поштенската инфраструктура и овозможуваме побрза и поефикасна достава“, изјави Куртеши.

Тој посочи дека претпријатието работи на финансиска стабилизација, откако во 2024 година бележело поголеми загуби. Во меѓувреме, се преземаат мерки за намалување на трошоците и зголемување на приходите, како и нови вработувања, имајќи предвид дека просечната возраст на вработените е над 55 години.

Куртеши откри дека дури 37 отсто од вработените биле во администрација, но со реорганизација и одлуки на Управниот одбор, овој процент се намалува согласно препораките на меѓународните стандарди, а бројот на подружници се оптимизира.

Еден од најголемите проблеми биле и заостанатите пратки – во магацините имало околу 600.000 недоставени пратки, но за само една недела тие биле расчистени.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, истакна дека вредноста на возилата изнесува 104 милиони денари, при што преку јавна аукција цената била намалена за околу 400.000 евра.

„Со оваа инвестиција ќе овозможиме секое писмо да стигне и до најоддалеченото село“, нагласи Николоски.

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека просечната старост на возилата во „Пошта“ била околу 15 години, а новата флота ќе придонесе за намалување на трошоците за одржување и сервисирање.

Надлежните најавија и понатамошна модернизација, вклучително и дигитализација на услугите и набавка на современа сортирка, која се очекува да биде една од најмодерните во регионот.

Возилата се обезбедени како донација од Владата и Министерство за транспорт и врски, а очекувањата се дека ефикасноста на претпријатието ќе се подобри за околу 15 проценти во наредниот период.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА

08/10/2026
Македонија

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски

08/10/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази

08/10/2026
Македонија

12 КИЛОМЕТРИ ОД АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ВГОДИНА Наместо

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА СМЕТА ДЕКА КРИВИЧЕН НЕ ГИ ЦЕНЕЛ ДОВОЛНО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД НА 10 ДЕКЕМВРИ ПОВТОРНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ПРЕДМЕТОТ

08/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ БАРА ДА НЀ ОЦЕНУВААТ ПО ЗАСЛУГИ Кос порача Скопје

08/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО УЧИЛИШТАТА Десет наставници ќе ги обучуваат

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46061
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА Патувањето ќе трае 50 минути

08/10/2026

Железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина би можело да профункционира до крајот на 2027 година, а патувањето со воз меѓу

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски повтори дека прашањата за идентитетот

08/10/2026

На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, што денеска се одржа во Софија, министерот за надворешни работи и надворешна

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази за упад или прибирање класифицирани

08/10/2026

Основното јавно обвинтелство соопшти дека не утврдило елементи на кривично дело во случајот со сомневањата за неовластен пристап до компјутерскиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy