Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВАТА ВЛАСТ ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ ЗА ДА МУ ОЛЕСНИ НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА НОСЕЊЕ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ – еве кои сѐ отстапки ќе бидат направени за стратешкиот партнер
Економија

НОВАТА ВЛАСТ ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ ЗА ДА МУ ОЛЕСНИ НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА НОСЕЊЕ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ – еве кои сѐ отстапки ќе бидат направени за стратешкиот партнер

13/01/2025

AA

За конзорциумот Бехтел и Енка да може полесно да гради во земјава, ќе се менува Законот за странци, а клучните промени што ќе се направат се со цел како повеќе да се олесни ангажирањето на странските работници кои ќе работат на изградба на предвидените автопатишта.

На националната платформа ЕНЕР конечно се најде нацрт верзијата на овие законски измени, а од првичниот преглед врз нацрт законот, може да се види дека се даваат голем број дополнителни олабавувања и намалувања на критериумите за да се ангажираат странски работници, токму на барање на инвеститорот Бехтел и Енка.

„По констатираните неусогласености на постапката за поднесување и одобрување на привремен престој заради работа, содржана во Законот за странците и обврските преземени согласно одредбите од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 д во РСМ во делот на ангажирање, односно вработување на лица-странци како работна сила, но воедно и поради сложеноста и обемноста на документацијата која е потребна во постапката за поднесување и одобрување на привремен престој заради работа, согласно одредбите од Законот за странците, изготвен е предлог текст за измени и дополнувања на Законот за странците“, се вели во образложението од предлагачот, а како таков ќе се јави Министерството за внатрешни работи.

Оттаму нагласуваат дека цел на предложените измени е законот да се овозможи усогласување со барањата на стратешките партнери кои се предвидени во одредбите од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер, а воедно би се олеснила и би се поедноставила постапката за сите компании сакаат да ангажираат странци како работна сила во земјава.

Во документот кој е изработен и во кој се наведени проценетите влијанија што ќе ги имаат законските измени, се наведува токму фактот што во 2021 година во земјава беше донесен Законот за утврдување на Јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола). Затоа, велат оттаму, со измените поефикасно ќе се имплементирал овој закон, а и ќе се надминеле проблемите во однос на решавање на статусот на странците ангажирани за работа на овие патишта. 

„Целта на предложените измени е олеснување на законските услови во однос на постапката за добивање на привремен престој заради работа генерално и посебно, во однос на странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон“, се вели во документот.

Во него предлагачите навеле дека законот нема да предизвика трошоци за економијата во областа на вработувањето и конкурентноста, како и дека немало да имаат влијание врз малите и средни претпријатија и други економски субјекти. Исто така, за овој закон не биле потребни дополнителни фискални средства. Како аргумент се навело и дека со законот нема да се прошират надлежностите и организацијата на МВР, и не се потребни нови човечки ресурси и нивна обука, ниту пак дополнителни инвестиции во канцелариски простор, опрема и слично. 

„Со предложените законски решенија не се предлага воведување на нови административни оптоварувања, формалности и трошоци, односно не се предвидени нови трошоци за издавање на лиценци, дозволи и друго за правните и физичките лица, со што не се влијае врз конкурентноста“, навеле предлагачите.

Додаваат дека предложените законски решенија ќе имаат позитивно влијание на казнената политика и надминување на практичните проблеми, но, навеле и дека при спроведувањето и примената постојат ризици во однос на непочитување на законските обврски од страна на институциите кои го применуваат.

За спроведување на законските измени како органи ќе бидат Министерствата за внатрешни работи, за економија и труд, за социјална политика, демографија и млади и Агенција за вработување.

А, во документот е наведен и став на министерот за внатрешни, кој смета дека ова било најдоброто можно решение.

„Врз основа на резултатите од анализите прикажани во Извештајот за проценка на влијанието на регулативата сметам дека препорачаното решение (опција) претставува најдобар начин за решавање на проблемот и постигнување на очекуваните ефекти на најекономичен начин“, е изјавата на министерот во врска со овој закон.

Да видиме што носи законот, кој има 14 члена. Во еден од нив се намалува обврската која мора да ја исполни странец за да му се одобри привремен престој во земјава, а се однесува на тоа тој да има средства за сместување. 

Ако досега обврската за странецот за кој треба да се даде привремен престој била да „е неосудуван во државата чиј државјанин е и во државата во која престојува на безусловна казна затвор во времетраење подолго од шест месеци за кривично дело кое се гони по службена должност и не се води кривична постапка против странецот во државата чиј државјанин е или во државата во која престојува и од која го поднесува барањето за одобрување на приврмен престој за кривично дело за кои е предвидена казна затвор во времетраење подолго од шест месеци кое се гони по службена должност“, сега тие членови се менуваат во тоа странецот „да е неосудуван и не се води кривична постапка против него во државата во која престојувал во годината пред поднесување на барањето за привремен престој, во зависност од документите кои ги издава државата“.

Олеснувања ќе има и за „странец кој е член на потесното семејство на државјанин на земјава, странец кој поднел барање за одобрување привремен престој заради работа по основ на вработување, како и членови на потесното семејство на покровителот“.

Потоа, промени односно олеснувања има кај продолжувањето на привремениот престој, Се менува член и тој сега ќе гласи вака. „На барање на странецот што се поднесува не порано од 90 дена пред истекот на привремениот престој или најдоцна пет дена пред истекот на привремениот престој, привремениот престој се продолжува, при што секое продолжување не може да биде подолго од една година“.

Во овој момент членот гласи вака. „Привремен престој се продолжува за време што е потребно за исполнување на целта на престојот, но не подолго од една година. На барање на странецот што се поднесува не порано од 30 дена пред истекот на привремениот престој или најдоцна 15 дена по истекот на привремениот престој, привремениот престој се продолжува при што секое продолжување не може да биде подолго од една година“. 

Еден изменет член ќе гласи вака. „Привремен престој заради работа ќе се одобри врз основа на барање на правното лице со кое странецот склучил договор за вработување или од него овластен претставник кој истовремено доставува и гаранција, кое може да се поднесе и во МВР“.

Натаму, се олеснува и процедурата за потребната документација, односно се исклучува и мислењето на Агенцијата за вработување. Имено, по ново ќе биде дека доколку документацијата доставена до МВР е некомплетна, тоа ќе го извести подносителот на барањето за одобрување на привремен престој, со цел таа да се комплетира во рок од 7 дена. А, ако во рок од 7 дена не се комплетира бараната документација, МВР носи решение за одбивање на барањето за одобрување на привремен престој. А сега законското решение налага дека доколку документацијата доставена преку МВР до Агенцијата е некомплетна, Агенцијата ќе издаде мислење дека не се исполнети условите за издавање мислење, со образложение кој од доказите утврдени со овој закон недостасува. Доколку Агенцијата не постапи во рокот, ќе се смета дека мислењето е негативно.

Со измените се додава и одредба според која „привремен престој заради работа ќе се одобри и на странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, независно од искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд во земјава, односно без издавање на мислење од страна на Агенцијата.

За странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, се издава потврда за правниот субјект со статус на стратешки партнер каде работи странецот. Потврдата за правниот субјект со статус на стратешки партнер каде работи  странецот ја издава Министерството за економија и труд.

За Агенцијата за вработување, пак, се наведува дека таа ќе треба по службена должност на месечно ниво до МВР да доставува известување за лица за кои во законски предвидениот рок не е извршено пријавување на почетокот на работата, и за лицата за кои е извршено одјавување пред истекот на рокот во кој е издадена дозволата за привремен престој заради работа.

Ако со сегашниот закон, во постапката за продолжување на привремен престој со цел добивање на позитивно мислење од Агенцијата, барањето треба да се поднесе во период на важност на претходно издаденото мислење, но не порано од 30 дена пред истекот на истото, со измените тој рок се зголемува на 90 дена.

Се додаваат и нови членови според кои „во постапката за продолжување на привремениот престој на странец кој работи за правен субјект со статус на стратешки партнер по основ на вработување, барањето за продолжување на привремен престој се поднесува во МВР со приложување на потврдата за правниот субјект со статус на стратешки партнер, доказ за подмирени обврски за социјално осигурување, односно двојазичен образец за соодветно социјално осигурување согласно со ратификуваните билатерални договори за социјално осигурување и доказ за работа во правниот субјект со статус на стратешки партнер, за периодот на претходно регулиран престој заради работа, но не подолго од една година, со можност за продолжување на привремениот престој за период на имплементација односно важење на проектот. Во однос на упатените работници кои работат за правен субјект со статус на стратешки партнер, при поднесување на барањето за продолжување на привремен престој во МВР се приложуваат потврдата за правниот субјект со статус на стратешки партнер, доказ за подмирени обврски за социјално осигурување, двојазичен образец за соодветно социјално осигурување за упатени работници согласно со ратификуваните билатерални договори за социјално осигурување и акт за упатување на работникот.

Нина Нинеска-Фиданоска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy