
Новата ѕвезда на Манчестер сити најави напад на „Златната топка“
Черки треба да биде наследник на Кевин Де Брујне во поранешниот англиски и европски шампион, а со доаѓањето во Сити му се зголемуваат шансите во борбата за престижната награда.
„Не сум Де Брујне, тој е легенда, но тука сум да му помогнам на тимот. Разговарав со Пеп за својата улога, ми кажа каде сакам да играм. Кога ќе видите дека Родри ја освои ‘Златната топка’, јасно е дека во Манчестер сити сè е возможно. Поради тоа сум тука“, кажа Черки.
Фото: Facebook/Manchester City