Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новак Ѓоковиќ доби уникатен подарок – рачно насликани патики од македонски уметник
Македонија

Новак Ѓоковиќ доби уникатен подарок – рачно насликани патики од македонски уметник

17/07/2025

AA

Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ доби посебен подарок од Македонија – рачно насликани патики изработени од познатиот македонски уметник Сатја Грабулоски. Овој уникатен гест го поврза врвниот спорт со македонската уметничка креативност.

Грабулоски, творецот зад брендот „SWithADot“, лично му ги предаде патиките на Ѓоковиќ за време на турнирот Вимблдон, каде тенисерот не ги криеше своите позитивни впечатоци од подарокот.

Патиките се повеќе од обичен моден додаток – тие се вистинско уметничко дело со длабока симболика. На нив се насликани српски национални мотиви кои го симболизираат неговиот корен и љубовта кон татковината. Посебно внимание привлекува мотивот на волкот, кој за Ѓоковиќ е моќен симбол на неговата истрајност, менталитет и врската со семејството и тимот, кој тој го нарекува „чопор“.

Сатја Грабулоски и брендот „SWithADot“ се препознатливи по своите луксузни, рачно насликани креации, со кои соработувале многу познати домашни и светски личности. Меѓутоа, соработката со Новак Ѓоковиќ е една од најголемите признанија за нивната работа и голем успех за македонскиот дизајн на светската сцена.

Овој пар патики не е само подарок, туку симболично спојување на идентитетот на светскиот шампион и визијата на уметникот. За Ѓоковиќ тие се потсетник на неговите корени и вредности, а за македонската креативна сцена – доказ дека талентот и оригиналноста можат да стигнат до најголемите светски ѕвезди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy