
„Новак едвај стои на нозе“: Ѓоковиќ за малку не колабираше на пеколот
Еднаш го свитка зглобот и остана да лежи на земјата, но многу полошо беше во вториот сет кога едвај се движеше на теренот. Можеби причина за тоа беше пеколното време, но истите услови беа и за противникот, а тој не се пожали на замор или слично.
Дури и коментаторот на „Спортклуб’ констатираше дека Новак едвај стои на нозе, а загрижени беа и неговите тренери.