Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новак е елиминиран! Синер му го нанесе првиот пораз на Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен
Македонија

Новак е елиминиран! Синер му го нанесе првиот пораз на Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен

26/01/2024

AA

Новак Ѓоковиќ е елиминиран! За прв пат во кариерата беше поразен во полуфиналето на Австралија опен. Подобар од српскиот тенисер беше Јаник Синер кој победи со 6:1, 6:2, 6:7 (6:8), 6:3.

Првиот светски рекет славеше во претходните десет полуфиналиња во Мелбурн, но овој петок не можеше да му парира на Италијанецот. Со ова беше прекината серијата на Ѓоковиќ од 33 последователни победи на првиот Грен слем сезонава, а тој беше поразен за прв пат по 2018 година.

Ѓоковиќ остана на 24 Грен слем титули, 10 на Австралија Опен. Новак и покрај овој пораз ќе остане прв на АТП листата.

Првиот светски рекет не беше на негово ниво, всушност беше далеку од тоа во првите два сета. Направи премногу грешки, немаше цврстина во неговата игра, а немаше ни емотивна реакција.

Тој успеа да го освои третиот сет, бидејќи во тај-брејкот спаси меч топка на противникот. Сепак, тој повторно киксираше во четвртиот.

Синер , пак, одигра одличен меч – сервираше фантастично, што го потврдува и фактот што на најдобриот повратник на сите времиња не му дозволи ниту една брејк топка. Добро се движеше, погоди силно и прецизно и ја постигна најголемата победа во кариерата.

Ова беше трет триумф на Синер над Ѓоковиќ, бидејќи во претходната сезона постигна два во финалето. Италијанецот покажа дека има игра која може да му парира на првиот рекет на светот и ќе го игра првото Грен слем финале!

Противник на Италијанецот во големото финале ќе биде победникот од дуелот меѓу Даниил Медведев и Александар Зверев.

Новак лошо го започна ова полуфинале – погоди 43 отсто од првиот сервис, направи и две двојни грешки во првиот сет. Србинот во овој период имаше само пет винери и трипати повеќе неизнудени грешки, па не е чудно што претрпе два брејка. Синер делуваше самоуверено, одигра сигурно и убедливо го доби првиот сет.

За прв пат по 2013 година и дуелот со Стен Вавринка, десеткратниот шампион загуби сет со 6:1 на Австралија Опен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy