Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова тура на пари за спас на Железници со одлука на Влада
Економија

Нова тура на пари за спас на Железници со одлука на Влада

19/02/2024

AA

Иако на крајот од минатата година, преку купување на акции, Владата на акционерското друштво за железнички транспорт му одобри 16 милиони евра вонредни пари за да расчистува со долговите, сега е донесена нова одлука Министерството за транспорт и врски на ова загубарско претпријатие повторно да му се додели 2,5 милиони евра за спас.

Станува збор повторно за вонредна помош, надвор од редовното субвенционирање за патничкиот транспорт. Одлуката е донесена заради помош за исплата на плати и како што пишува во одлуката – за расчистување со должењата кон добавувачите.

Одлуката била донесена на седница на 13 февруари како решение за распределба на средства во буџетот на Министерството за транспорт и врски, од каде ќе треба да се префрлат парите на посебна наменска сметка на „Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД Скопје“

„Ставката разни трансфери е зголемена за 151.000.000 денари кои ќе се користат наменски за исплата на плати и надоместоци од плата на вработените, како и плаќање на обврски кон останати добавувачи на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД Скопје“, објавено е во владината одлука.

Владата на 10 ноември преку зголемување на акционерската главнина му исплати вонредни 16 милиони евра на Македонски Железници – Транспорт за да ги расчисти навремено долговите за електрична енергија. Овие убедливо рекордни досега 962.913.000 денари за железничкото претпријатие се пари кои ги доби наменски надвор од редовните субвенции од Министерството за транспорт и врски за превоз на патници и самофинансирачкиот буџет за товарен транспорт што го наплаќа од големите производствени компании за пренос на суровини.

Владата претходно со одлука на седница одлучи овие 16 милиони евра на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје да му ги даде преку 4-та емисија на акции по пат на приватна понуда. Со четвртата емисија, претпријатието издаде 962.913 обични акции при што продажната цена по акција е еднаква со номиналната и изнесува 1.000 денари по акција. 

Со новите пари од буџетот, освен сметки за струја, требаше да ги враќа и позајмиците. На листата на должници постојано е на врвот, а машиновозачите редовно излегуваат на блокади поради неисплатени плати,  со целосен прекин на железничкиот сообраќај. Во МЖ Транспрот до сега се променија неколку директори, но никој не успеа да најде решение. Поранешниот премир Зоран Заев зборуваше дека фирмата е зрела за јавно- приватно партнерсво или за приватизација, но и натаму нема никаков план за спас, освен постојаното  префрлање на милиони од државната каса на сметка на претпријатието.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy