
Нова победа на Ивановски – полуфинале за Македонецот
Поради врнежи на дожд, турнирот беше во прекин неколку дена, па денеска на програмата беа и осминафиналните и четвртфиналните средби.
Ивановски откако го победи Пиконе со 2-1, во четвртфиналето со ист резултат го совлда и неговиот сонародник, Ианаконе.
Македонецот го доби првиот сет со 7-5, вториот му припадна на италијанскиот тенисер со 6-2, а Калин во третиот решавачки сет буквално го збриша Италијанецот со 6-1.
Во полуфиналето ќе има уште еден италијански противник, Андалоро кој со 2-1 беше подобар од Му.