Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВА ПЛАТФОРМА ЗА СОРАБОТКА – СЕ ЗАСИЛУВА ВРСКАТА МЕЃУ НАУКАТА И БИЗНИСОТ
Економија

НОВА ПЛАТФОРМА ЗА СОРАБОТКА – СЕ ЗАСИЛУВА ВРСКАТА МЕЃУ НАУКАТА И БИЗНИСОТ

02/11/2023

AA

Стопанската комора на Северна Македонија и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД) започнуваат нова, иновативна соработка со цел да ја поддржат и олеснат интеграцијата на студентите во бизнисот и да ја засилат врската помеѓу науката и бизнис секторот.

На денешната средба меѓу претседателот на Комората Бранко Азески и ректорот на УГД проф. д-р Дејан Мираковски беа дефинирани можностите за имплементирање на концептот на дуално образование на Универзитетот и искористување на научно-истражувачките капацитети во развој на бизнисот.

„Сметам дека оваа соработка е неопходна за да ги изградиме следните генерации на лидери и стручњаци во различни области и да создадеме услови за успешна и перспективна иднина на младите генерации. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со реалниот сектор и предизвиците со кои се соочува стопанството, додека бизнисите ќе добијат можност да ги поддржат и менторираат следните генерации на професионалци“, истакна Азески.

Проектот помеѓу Комората и Универзитетот Гоце Делчев наречен „Студентите учат од бизнисот“ претставува платформа која ќе им овозможи на студентите да го спојат своето теоретско знаење со практичните искуства од бизнисот.

Преку овој проект студентите ќе имаат можност да ги развиваат своите вештини, но и да се запознаат со реалните предизвици на бизнисот, што ќе им овозможи подобро позиционирање на пазарот на труд по завршување на своите студии.

Проектот вклучува различни активности како гостувања на бизнис лидери во кампусот на Универзитетот, практични обуки и работилници, менторски програми во компаниите како и стекнување на конкретни знаења и вештини од областа на претприемништвото.

Ректорот на Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип (УГД), проф. д-р Дејан Мираковски го истакна своето задоволство од продлабочување на соработката со Стопанската комора како најголема и најважна бизнис асоцијација во земјата и потенцираше дека особено важна компонента е да се отвори можност базичните истражувања кои се креираат во универзитетските научно-истражувачки центри да се применуваат во домашното стопанство.

„Само преку заедничка соработка на бизнисот и науката може да изградиме поконкурентно стопанство и посилна економија, и во таа насока ќе биде нашиот фокус на заедничка соработка со Стопанската комора“, нагласи ректорот Мираковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy