
НОВА НЕСРЕЌА СО РИНГИШПИЛ НА БАЛКАНОТ: Шест малолетници се повредени откако падна дел од структурата на вртелешката
Шест малолетници се повредени во Љубушки, Херцеговина, при пад на дел од структурата на рингишпил.
Во моментот на падот на рингишпилот имало неколку лица, а како што пренесува порталот hercegovina.info, неколку од нив, главно деца, со возило на Брза помош биле пренесени во Здравствениот дом во Љубушки.
„Во несреќата се повредени шест малолетници, а за се е известен и дежурниот обвинител“, изјави Мила Чавар, портпарол на МУП на Владата на Западна Херцеговина.
Неколку повредени се пренесени во Ургентниот центар на Универзитетската клиничка болница во Мостар.
Се уште нема официјални информации за причините за несреќата, а истрагата е во тек.
Пред кратко време се случи тешка несреќа во која исто така се урна рингишпил во населбата Пантиќи во Куршумлија, соседна Србија.
Во неа беа повредени 13 деца, од кои едно девојче на возраст од 13 години беше со најтешки повреди.
Фото: Архива/Принтскрин/Инстаграм