
Нова измама, овој пат СМС од Телеграм – не кликајте на сомнителни линкови
Граѓаните се цел на нова „фишинг“ (phishing) кампања која пристигнува како СМС порака на нивните мобилни телефони. Измамниците користат паника за да ве натераат да ги предадете вашите лични податоци или пристап до вашите сметки.
Корисниците добиваат порака со загрижувачка содржина: „Сметката е ненормална. Одете на деблокирање“, пропратена со сомнителен линк (на пр. https://x4nqea.site).
Пораката сугерира дека нешто не е во ред со вашата сметка на вистинската апликација Телеграм за да ве натера брзо да реагирате без размислување.
Линковите во пораките не водат до официјални веб-страници, туку до сервери дизајнирани за кражба на податоци.
Златно правило: Никогаш не внесувајте лозинки или податоци од платежни картички на линкови добиени преку пораки од непознати испраќачи!

