Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВА ИСПЛАТА ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Црвениот крст подели над 11 милиони денари
Македонија

НОВА ИСПЛАТА ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Црвениот крст подели над 11 милиони денари

02/03/2026

AA

Црвен крст на Република Северна Македонија изврши нова исплата на средства за настраданите од пожарот во Кочани, при што на 18 лица им се распределени вкупно 11,2 милиони денари.

Како што информираат од организацијата, исплатата била реализирана на 27 февруари врз основа на список на повредени лица подготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба и прогнозата за понатамошно лекување, изработена од комисија на Министерството за здравство.

„Исплатата на средствата е извршена врз основа на доставен список на повредени лица подготвен по втората евалуација на здравствената состојба“, соопштија од Црвениот крст.

Од таму додаваат дека со оваа исплата вкупниот досегашен трансфер на средства од Фондот на солидарност достигнал 164.744.901 денар.

Во насока на поголема отчетност, Црвениот крст веќе подготвил извештај за приливите и одливите на средствата од Фондот на солидарност за периодот од 16 март до 22 август 2025 година.

„Со цел поголема транспарентност и отчетност подготвивме извештај за фактичките наоди за состојбата со приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност“, наведуваат од организацијата.

Оттаму најавуваат дека е во тек подготовка и на финален извештај за собраните и исплатени средства, кој треба да биде објавен најдоцна до 15 март.

Црвениот крст упати благодарност до сите донатори кои помогнаа во мобилизирањето на хуманитарната поддршка.

„Уште еднаш им се заблагодаруваме на сите донатори што придонесоа за поддршка на настраданите лица и нивните семејства“, порачаа од Црвениот крст.

Во меѓувреме, организацијата продолжува со активности на терен, со посебен акцент на обезбедување психолошка помош за погоденото население преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СУДИИТЕ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТИ АКО ПЛАТИТЕ ИМ ОСТАНАТ ЗАМРЗНАТИ Дополнета е

02/03/2026
Македонија

Руте утре доаѓа во Скопје, ќе има затворени улици!

02/03/2026
Македонија

📽️ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЗАСТАНА НА БАНКОМАТ ВО ЦЕНТАР Сиљановска-Давкова подигаше пари

02/03/2026
Македонија

Се огласија од ГАК со детали за смртта на 34-годишната

02/03/2026
Македонија

Андоновски учесник на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори – MWC26 во

02/03/2026
Македонија

НОВА ИСПЛАТА ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Црвениот крст

02/03/2026
Македонија

Словенец повреден откако паднал при скијање на Шар Планина

02/03/2026
Македонија

23 годишна скопјанка пријавила вознемирување и демнење од поранешниот партнер!

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42145
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СУДИИТЕ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТИ АКО ПЛАТИТЕ ИМ ОСТАНАТ ЗАМРЗНАТИ Дополнета е иницијативата пред Уставен за измените

02/03/2026

Здружение на судиите информира (ЗРСМ) дека до Уставниот суд на РСМ поднело дополнување на иницијативата за оценување на уставноста и

Руте утре доаѓа во Скопје, ќе има затворени улици!

02/03/2026

На 03.03.2026 година (вторник), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. г. Марк

📽️ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЗАСТАНА НА БАНКОМАТ ВО ЦЕНТАР Сиљановска-Давкова подигаше пари под будно око на телохранителите

02/03/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска беше забележана во несекојдневна ситуација на булеварот Свети Климент Охридски во Скопје — накратко го напушти

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy