Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова иницијатива до Уставен суд за Законот за облигациони односи – членот 368 ги дискриминира доверители
Македонија

Нова иницијатива до Уставен суд за Законот за облигациони односи – членот 368 ги дискриминира доверители

25/03/2024

AA

Фаворизирање на должниците наместо нивна законска заштита и низа други последици кои се спротивни на Уставот се причина за поднесување на нова Иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи. Иницијативата се однесува на членот 2 од Законот за измени и дополнувања на ЗОО каде е наведено дека членот 368 се менува. Со овој член се предвидува застарување на побарувањата постари од 10 години. Во иницијативата се наведува: „со промената на оваа одредба категоријата на правни и физички лица, кои се доверители ќе бидат ставени во нерамноправна положба со што ќе се предизвика нивна дискриминација, за сметка на други правни и физички лица кои се должници кои ќе бидат привилегирани и ставени во поповолна положба“. Покрај тоа се наведуваат и низа недоречености и контрадикторности на други конкретни одредби во законот.

Адвокатот Љупчо Кузмановски ја поднесе новата иницијатива до Уставниот суд, а ова е втора иницијатива за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи. Минатиот месец до Уставниот суд беше поднесена иницијатива за истиот член од овој закон од страна на Предраг Баришиќ.

„Поаѓајќи од фактот дека Уставот е највисок правен акт и дека сите закони, подзаконски акти и пишани правила треба да бидат во согласност со Уставот, подносителот на оваа иницијатива смета дека потребно е оценка на уставноста на членот 2 од изменувањата и дополнувањата на Законот за облигационите односи“, се вели во иницијативата поднесена од адвокатот Љупчо Кузмановски.

Допис со назнака за селективност на законските решенија е испратен до Државниот завод за ревизија, а писмо е испратено и до кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и до Министерството за правда. Приватниот сектор смета дека ваквите законски решенија им овозможуваат на должниците и од приватниот и од јавниот сектор да бидат во привилегирана положба и им овозможуваат да не мора да ја платат својата набавка и според член 368 ст.3 од ЗОО тоа да застари, при што товарот паѓа на доверителите односно на компаниите, а голем дел од малите приватни фирми заради овие причини ќе се затворат.

За штетните последици од измените на Законот за облигациони односи кои се смета за еден од клучните системски закони реагираше и Стопанската комора на Македонија, која истакна дека со оваа регулатива се погодени сите сектори во земјава, без исклучок. Кај дел од компаниите со овие законски измени се генерираат загуби по основ на отпис на долгови и по неколку милиони евра, што ќе се одрази негативно врз натамошното работење, а ќе влијае и врз зголемувањето на цените на услугите.

Претседателот на Комората Љубомир Михајлоски, во интервју во дневникот на МТВ, вчера истакна дека со Законот се привилегираат неплаќачите на долговите, а се оштетуваат доверителите, без разлика дали се работи за правни или физички лица. Тој посочи дека многу компании ќе имаат тешкотии во работењето и дека се нанесува голема штета во стопанството.

Допис со назнака за селективност на законските решенија е испратен до Државниот завод за ревизија, а писмо е испратено и до кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и до Министерството за правда. Приватниот сектор смета дека ваквите законски решенија им овозможуваат на должниците и од приватниот и од јавниот сектор да бидат во привилегирана положба и им овозможуваат да не мора да ја платат својата набавка и според член 368 ст.3 од ЗОО тоа да застари, при што товарот паѓа на доверителите односно на компаниите, а голем дел од малите приватни фирми заради овие причини ќе се затворат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy