Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ – тој е негативен за приватниот сектор
Економија

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ – тој е негативен за приватниот сектор

02/05/2024

AA

Нова иницијатива до Уставниот суд за укинување на членот 2 од
Законот за измени и дополнувања на Законот за облигациони односи, каде е наведено дека членот 368 се
менува. И оваа иницијатива се однесува на членот од законот во кој се
предвидува застарување на долговите, односно се фаворизираат должниците на
сметка на доверителите.

Во поднесената иницијатива, од
лицето Доне Лазаревски, сопственик на фирма, е образложено дека наведените
законски измени негативно влијаат на понатамошното работење на фирмите, со
оглед дека стоките уредно се испорачувани, а не можат да се наплатат како
резултат на застарувањето на долгот.

„Овие измени нè
доведуваат во положба дека е подобар избор да не се работи и да не се вложува
во стопанството, отколку да се соочиме со загуба на сопственоста поради
законска заштита на должниците да не го подмируваат долгот“, се вели во
иницијативата. 

Понатаму се вели „Со донесување на законските измени за
застареноста, јас како сопственик на микропретпријатие повеќе од триесет години,
кое уредно плаќа даноци, придонеси и други потребни давачки кон државата, сум
принуден да престанам со работа, поради непостоењето на правната заштита на
сопственоста и непостоење на правна сигурност“. Посебно се нагласува
ништовноста на склучените договори поради корелација на членот 368 од ЗОО со членот 218 од ЗИ.

Ова е трета иницијатива која се
однесува на овие законски измени на Законот за облигациони односи. Претходно
адвокатот Љупчо Кузмановски  поднесе
иницијатива до Уставниот суд, а таа е втора иницијатива за преиспитување на
уставноста на Законот за облигациони односи. Минатиот
месец до Уставниот суд беше поднесена иницијатива за истиот член од овој закон
од страна на Предраг Баришиќ.

„Поаѓајќи од фактот дека Уставот
е највисок правен акт и дека сите закони, подзаконски акти и пишани правила
треба да бидат во согласност со Уставот, подносителот на оваа иницијатива смета
дека потребно е оценка на уставноста на членот 2 од изменувањата и
дополнувањата на Законот за облигационите односи“, се вели во иницијативата
поднесена од адвокатот Љупчо Кузмановски.

Кај дел од компаниите со овие
законски измени се генерираат загуби по основ на отпис на долгови и по неколку
милиони евра, што ќе се одрази негативно врз натамошното работење, а ќе влијае
и врз зголемувањето на цените на услугите.

Реагираа и од Адвокатската комора
од каде на неколку наврати истакнаа дека ќе имаат тешкотии во работењето и дека
се нанесува голема штета во стопанството.

Ф.Р.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy