Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова епизода за Јован Манев, ќе го облече дресот на Осиек!
Спорт

Нова епизода за Јован Манев, ќе го облече дресот на Осиек!

05/09/2023

AA

Македонскиот репрезентативец Јован Манев, ќе го носи дресот на Осиек, до крајот на 2023/24 сезона. Хрватскиот клуб договорил позајмица со Адана Демирспор за 22-годишниот дефанзивец, кој минатата сезона настапуваше како позајмен и во турскиот клуб, а дури ова лето беше купен од Брегалница, неофицијално за отштета од 450.000 евра.

Одигра 11 меча вкупно во Суперлигата и во Купот на Турција минатата сезона, а доби минутажа и на четири од евро-квалификациите ова лето, но со оглед дека неговиот договор со Адана трае до 2027 година, Турците решиле веднаш да го пратат на калење во Осиек. Релацијата меѓу двата клуба е јасна, ако се знае дека Адана го елиминира Осиек ова лето од квалификациите во Конференциската лига.

Тој стекна репрезентативен статус оваа година, во мартовската сесија, кога игравме со Малта и со Фарски Острови, а дебитираше токму на пријателската со островјаните, кога влезе пред крајот на мечот.

Последен македонски интернационалец кој настапуваше во Осиек беше Музафер Ејупи, до крајот на сезоната 2018/19, а пред него играа уште и Милован Перовиќ, Горан Тодорчев, Миле Тодоров и Тодор Тодороски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy