Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВ ВИДЕО НАДЗОР НА СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ – за директорот на Царина овој проект води кон искоренување на криминалот
Економија

НОВ ВИДЕО НАДЗОР НА СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ – за директорот на Царина овој проект води кон искоренување на криминалот

06/03/2024

AA

Целосно нов видео надзор е поставен на сите гранични премини во државата, при што се инвестирани околу 1 милион евра за набавка и инсталација. Целта е преку новата инвестиција да се постигне поефикасен транспорт и подобрување на работата на Царинската управа и Граничната полиција. Ова го посочи министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски од граничниот премин Дојран, каде со директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, извршија увид во новиот видео систем.

Како што беше кажано, системот за видео надзор опфаќа 350 различни типови на дигитални камери, систем за автоматско препознавање на регистарски таблички и централен систем за складирање на податоците и истиот се инсталира на сите гранични премини во државата.

– Еве денеска од Дојран ја увидовме неговата ефикасност во насока на подобрување на работата на Граничниот премин. Веќе со Царинската управа работиме и на креирање на платформата за Национален едношалтерски систем, софтвер кој треба да поврзе 16 институции за давање на електронски услуги на економските операторите. Проценетата вредност на овој проект е 4,5 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски исто така во рамки на проектот за Олеснување на транспортот и трговијата во Западен Балкан – изјави министерот Бочварски.

Тој истакна дека преку Министерството за транспорт и врски се работи на воведување и на Интелигентни транспортни системи на Коридорот 10, а во втора фаза и на Коридорот 8.

Претходно, министерот Бочварски и директорот Богоев во Скопје во Дежурниот царински центар на Царинската управа извршија увидна воспоставениот централизиран видео надзор.

– Ветив нула толеранција за криминалот и корупцијата. Ова се овозможува само со конкретни проекти кои трајно ќе го искоренат криминалот. Системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички во секое време информира за фреквенцијата на граничните премини, кое возило со која регистарска табличка, боја и марка на возилото влегло во државата и како се движело низ граничните премини во одреден период, но исто така алармира доколку некое лице се движи во недозволени области околу премините. Сите информации се внесуваат во податочен склад при што доколку понатаму е потребно да се извади статистика за движењето на одредено возило за кое на пример има потерница, истите информации ни се достапни веднаш – изјави директорот Богоев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy