Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВ СКОК НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА – нападите во Либан и намалувањето на каматните стапки во САД го поскапеа „црното злато“
Економија

НОВ СКОК НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА – нападите во Либан и намалувањето на каматните стапки во САД го поскапеа „црното злато“

23/09/2024

AA

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,1 отсто – на 74,49 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,8 отсто – на 71,92 долари.

На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата недела втора недела по ред, бидејќи трговците се надеваат на зголемување на побарувачката откако американската централна банка ги намали каматните стапки, што треба да го поттикне економскиот раст.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,1 отсто – на 74,49 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,8 отсто – на 71,92 долари, пренесува Хина.

Зголемувањето на цените втора недела по ред се должи, меѓу другото, и на намалувањето на каматните стапки во САД. Во средата американската централна банка ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени – на 4,75 до 5 отсто и најави дека до крајот на годината може да ги намали за уште 0,5 процентни поени.

Страв од ескалација на конфликтот

Пониските каматни стапки вообичаено ја стимулираат економската активност и побарувачката на енергија, но за тоа ќе биде потребно извесно време.

Цените беа поддржани и од ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по експлозијата на илјадници пејџери низ Либан, во која беа убиени и ранети голем број членови на Хезболах и цивили. Хезболах возврати со неколку ракетни напади врз цели во Израел, пред Израел да започне целен напад врз Бејрут.

Трговците стравуваат дека ескалацијата на конфликтот може да го наруши снабдувањето од Блискиот Исток, каде што се произведува една третина од светската нафта.

Фото: Принтскрин/Х

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Констатирани оставките на Бислимоски и Ристовска

18/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНКА „МРТВА ПИЈАНА“ ЗАД ВОЛАНОТ: Возела „Опел“ со 1,77 промили

18/02/2026
Македонија

ДИПЛОМАТСКИ „РЕФРЕШ“: Владата предложи 9 нови амбасадори – ексминистерот Муртезани

18/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ГИ ПОТВРДИ ОСТАВКИТЕ НА МАРКО БИСЛИМОВСКИ И НА ЦВЕТА

18/02/2026
Македонија

Вечерните пукотници ги вознемирија велешани – Армијата тренирала со маневарска

18/02/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ КУЧЕВИШКА БАРА: Едно лице загина, а друго се

18/02/2026
Македонија

ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА Се судриле

18/02/2026
Македонија

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41602
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Констатирани оставките на Бислимоски и Ристовска

18/02/2026

На денешната 85. седница, Собранието ги констатираше оставките на претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и на членката на ДКСК, Цвета

ПРИЛЕПЧАНКА „МРТВА ПИЈАНА“ ЗАД ВОЛАНОТ: Возела „Опел“ со 1,77 промили – полицијата ѝ го одзеде

18/02/2026

Полицијата во Прилеп синоќа санкционираше тежок сообраќаен прекршок. 37-годишна прилепчанка е лишена од слобода откако била фатена како управува возило

ДИПЛОМАТСКИ „РЕФРЕШ“: Владата предложи 9 нови амбасадори – ексминистерот Муртезани оди во НАТО

18/02/2026

Владата на денешната седница го направи првиот чекор кон пополнување на испразнетите места во дипломатската мрежа, давајќи зелено светло за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy