Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов шок во Битола: Денеска кучиња искасаа дете, во тешка состојба итно хоспитализирано!
Македонија

Нов шок во Битола: Денеска кучиња искасаа дете, во тешка состојба итно хоспитализирано!

25/06/2023

AA

Нов шокантен случај ја потресе Битола.

Имено, денеска кучиња искасаа дете, кое е итно хоспитализирано!

За случајот информираше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој истакна дека долгогодишното непостапување од страна на институциите, придонесе вознемирувачка вест денес да не потресе сите битолчани.

Тој вели дека веднаш штом ја добил информацијата за каснатото дете од кучe кај Стара болница, ги контактирал службите во Клиничка болница во Битола.

„Ги контактирав и родителите на детето, кои ме информираа дека, за среќа, 13 годишното дете е во стабилна состојба. Побарав итно постапување кај Стара болница од страна на фирмата со која општината има склучено договор за заловување и третман на бездомни животни и кои во изминатите 6 месеци имаат третирано 60 кучиња скитници во централното градско подрачје. Не смееме да дозволиме вакви ситуации да ни се повторуваат, независно дали станува збор за дете или возрасен граѓанин. Мораме сите, локалната самоуправа, здруженијата за заштита на животните, полицијата, да делуваме заедно. Повикувам на заедништво и преземање на сите законски мерки од страна на сите чинители.
Како локална самоуправа за десет дена, завршуваме со градежните активности на првата фаза од прифатилиштето за бездомни животни, а наскоро треба да ја добиеме и дозволата од Агенцијата за храна и ветеринарство, за да може општината да започне со директна работа на терен и целосно решавање на овој проблем“, вели Коњановски.

Тој додава дека Општина Битола од 2016 година, со забраната за делување на шинтерската служба, не презела никакви мерки во решавање на овој проблем.

„Верувам дека со сите преземени активности, конечно ќе ставиме крај на овој сериозен проблем. Повикувам и на поголема контрола од страна на полицијата и да не се дозволи испуштање на кучиња скитници во градот, особено од лица кои ги носат од соседните места или други општини.
Само сите заедно, можеме да постигнеме брзо и целосно решавање на проблемот“, вели Коњановски.

Вчера, 4news.mk информираше и за друг напад од кучиња каде битолчанец едвај останал жив откако во центарот на градот, го нападнале глутница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026
Македонија

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на

16/02/2026
Македонија

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат

16/02/2026
Македонија

Девојка насилно внесена во возило кај Бит Пазар и истепана

16/02/2026
Македонија

БИТОЛСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ НА ПОМОШ ВО КИЧЕВО: Испратени екипи и опрема

16/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО НИЗ ПОЛОГ: Поплавени куќи, падна потпорен ѕид врз куќа,

16/02/2026
Македонија

ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД ВРЗ КУЌА ВО ТЕТОВО, ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА

16/02/2026
Македонија

Скопјанец ги нападнал мајка му и сопругата, користел и остар

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41526
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од г-ѓа

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на помалку од 1 метар од

16/02/2026

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во селото Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат од улица“: ССМ утре ја

16/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) утре во 11 часот ќе ги блокира сите влезови на Владата. Ова е последната

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy