НОВ РАСТ НА ЦЕНИТЕ ВО РЕСТОРАНИТЕ – еве што најмногу поскапе
Цените на угостителските услуги во октомври во споредба со септември бележат зголемување од 1,1 процент, а во однос на истот месец минатата година има зголемување за 6,1 процент.
Податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани е зголемен за 5,6 проценти, а во однос на декември минатата година за 3 проценти.
Бројките говорат дека најголем пораст има кај цените на ноќевањта каде поскапувањето е 21,3 проценти во октомври споредено со истиот месец минатата година.
Поскапување има и кај пијалоците, и тоа безалкохолните за 5,2 отстко, додека кај алкохолните пијалоците 4,9 отст. Кај храната цените се зголемиле за 3 отсто, а од хранливите продукти најголем раст има лебот од 5,2 проценти поскапување.