Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов протест па генерален штрајк најавува Трендафилов од ССМ
Македонија

Нов протест па генерален штрајк најавува Трендафилов од ССМ

27/02/2026

AA

Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk најави можност за организирање нов, масовен работнички протест во првата половина на март, како и дополнителни синдикални активности доколку не се исполнат нивните барања поврзани со минималната плата.

Трендафилов посочи дека се разгледува опцијата протестот да се одржи во неработен ден или надвор од работно време, со цел да се овозможи поголема мобилизација на работниците. Според него, ќе биде организиран и превоз за вработените од другите градови, особено за оние кои не присуствувале на претходниот протест одржан на 28 јануари.

Како што најави, покрај протестот, можна е и понатамошна ескалација на синдикалните активности, вклучително и генерален штрајк и иницијатива за собирање 10.000 потписи. Конечната одлука за датумот на новиот протест, рече тој, ќе биде донесена во наредните денови, при што се разгледуваат термини во првата половина на март, меѓу кои и 13, 14 или 15 март.

Трендафилов нагласи дека синдикатот ќе го остави да заврши тековниот месец за да види какви мерки ќе бидат преземени во однос на усогласувањето на минималната плата. Според неговите информации, можно е да се предложи зголемување од 1.666 денари, што, како што оцени, не претставува суштинско подобрување на стандардот на работниците.

Тој посочи дека ваквото усогласување би можело да биде повод за активирање на најавените мерки, вклучително и генерален штрајк. Според него, март е месецот во кој треба да стане јасно дали мартовската плата ќе се зголеми и дали ќе има посериозно покачување на минималната плата.

Трендафилов потсети дека минималната плата во земјава во моментов изнесува 397 евра и дека, според него, таа е значително пониска во однос на минималните плати во регионот. Според ставот на ССМ, потребно е реално и повисоко зголемување кое ќе овозможи подобрување на животниот стандард на работниците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички во

27/02/2026
Македонија

Продолжува стабилно и релативно топло време

27/02/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНИК ОД „ИДРИЗОВО“ ЈА ДОБИ ПРАВДАТА ВО СТРАЗБУР Му била

27/02/2026
Македонија

Му дала 2.700 евра, па барала да и врати 15.000

27/02/2026
Македонија

Трендафилов најавува можен генерален штрајк и масовен протест во март

27/02/2026
Македонија

АХВ го повикува градоначалникот на Крива Паланка да соработува за

27/02/2026
Македонија

Поради одрон затворена обиколницата во Битола

27/02/2026
Македонија

КОЛКУ ЛИ ГИ ИМА ТИЕ ШТО ВОЗАТ БЕЗ ВОЗАЧКИ? Во

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42012
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички во вредност од 1,2 милиони денари

27/02/2026

Секторот за контрола и истраги откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од

Продолжува стабилно и релативно топло време

27/02/2026

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во

ЗАТВОРЕНИК ОД „ИДРИЗОВО“ ЈА ДОБИ ПРАВДАТА ВО СТРАЗБУР Му била извршена тортура од командир

27/02/2026

Македонија се обврза да му исплати 11.295 евра отштета на затвореникот Фитим Муслиу кој ја тужеше државата пред Европскиот суд

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy