
Нов проблем за Милан: Леао мора да паузира неколку недели
Од утре почнува двонеделната пауза во европските првенства поради претстојните квалификациски дуели и можеби „росонерите“ нема долго да бидат без својот најдобар играч, но јасно е дека повредата ќе се одрази на неговата форма. Леао се повреди по само осум минути игра на вчерашниот меч против Лече, а како што објави клубот, се работи за повреда од прв степен.
Со болки во листот се соочува и капитенот Давиде Калабрија кој можеби нема да може да игра против Македонија во квалификациите за Европското првенство.