Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов Колективен договор за вработените во одбраната и Армијата до крајот на годината
Македонија

Нов Колективен договор за вработените во одбраната и Армијата до крајот на годината

13/12/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше средба со претставници на Независниот синдикат на одбраната на која беше постигната согласност до крајот на годината да биде потпишан нов Колективен договор со кој ќе се унапредат правата на вработените во одбраната и Армијата.

Ова е продолжение на успешната соработка на министерката Петровска со синдикатите во одбраната, која досега резултираше со измени на Законот за служба во Армијата со кои се воведоа повисоки плати, се зголемија месечните приходи со исплата на месечна станарина се унапреди статусот на припадниците на Армијата, се воведе отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години, подобри услови за пензионирање и низа други поволности за припадниците на Армијата.

Соработката на министерката со Синдикатите по донесувањето на овој Закон продолжи со несмалено темпо што доведе до изготвување на нов Закон за вработените во одбраната со кој се воведуваат низа поволности и за административните службеници и за сите категории на вработени во Министерството за одбрана.

Претседателот на Независниот синдикат на одбраната Ванчо Исајов го поздрави процесoт на донесување на Законот за вработени во одбраната кој во моментов се наоѓа во собраниска процедура.

Од страна на претставниците на Независниот синдикат во одбраната, денеска на министерката Петровска и беше врачена благодарница за успешната соработка и за нејзината поддршка за унапредување на положбата на вработените во одбраната и Армијата.

Министерката Петровска продолжува со редовни состаноци и консултации со Синдикатите во одбраната и безбедноста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница

01/11/2026
Македонија

Мицкоски по поразот во Брвеница: „Ние со програма, тие со

01/11/2026
Македонија

КОВАЧКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈАХИЈ ЗА ПОБЕДАТА ВО БРВЕНИЦА Од

01/11/2026
Македонија

КАНДИДАТОТ НА ДУИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА СО РАЗЛИКА ОД 201

01/11/2026
Македонија

ВРЕДИ ОДИГРА УЛОГА НА ТРОЈАНСКИ КОЊ ВО БРВЕНИЦА Стојаноска оцени

01/11/2026
Македонија

МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ

01/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ДОЗВОЛУВА РЕПРИЗА НА ДУИ Полагањето правосуден испит мора

01/11/2026
Македонија

ОДЅИВОТ НА ГЛАСАЧИТЕ ВО БРВЕНИЦА БИЛ 52,90% ДО 18.30 ЧАСОТ

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46493
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница дека ќе ја имаат поддршката

01/11/2026

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец

Мицкоски по поразот во Брвеница: „Ние со програма, тие со националната карта и по некој

01/11/2026

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, се огласи по изборниот пораз на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Радичевски, во вториот круг

КОВАЧКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈАХИЈ ЗА ПОБЕДАТА ВО БРВЕНИЦА Од ДУИ донеле многу луѓе од

01/11/2026

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки вечерва во Брвеница му честиташе на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Општината, Аркин

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy