
НОВ ХОРОР ВО БОСНА – СОСЕДИТЕ СЛУШНАЛЕ ПУКАЊЕ ВО КУЌАТА: Брачна двојка пронајдена мртва, ја чекал сопругата да се врати од свадба
Во населбата Подгајеви кај Живиница маж со иницијали М.А. (56) ја убил сопругата Ч.Т. (52), а потоа се самоубил.
Мотивот за овој брутален чин, според првите информации е љубомората, пишува Аваз.
Невенчаната сопруга синоќа дошла од Германија каде присуствувала на свадбата на ќерка си, пренесува Српскаинфо.
По враќањето од Германија најпрво дошло до расправија, а потоа М.А. земал пиштол и ја убил сопругата, а потоа и себеси.
Утврдено е дека претходно немало пријави за семејно насилство, пренесува Аваз.
– Во 21 часот и 10 минути од страна на полициската управа Живиница е пријавен звук од истрели од семеен дом во населбата Подгајеви, а во врска со таа пријава била испратена патрола на Полициската управа Живиница, како и екипа на Итна медицинска помош. На местото на настанот се пронајдени две безживотни тела на маж и жена. Дежурниот лекар на Итната помош констатирал смрт на двете лица на лице место – изјавил Спречиќ, пишува Аваз.
За тој настан е известен дежурниот обвинител на Кантонското обвинителство, кој заедно со истражителите од Секторот за криминалистичка полиција на Управата на полицијата на ТК излегле на лице место, каде што била спроведена истрага. Во оваа фаза од истрагата можеме да кажеме дека најверојатно се работи за убиство и самоубиство. Истрагата за овој случај продолжува по наредба на дежурниот обвинител – рече Спречиќ, пренесува Српскаинфо.
