Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Македонија

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

19/12/2025

AA

На Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје свечено е промовиран нов едукативен и истражувачки центар, формиран во соработка со ТИТАН Усје. Центарот, што е дел од проектот „Знаење + CO₂ –“ – со знаење и иновативност до помалку CO₂, претставува современ едукативен простор наменет за унапредување на наставниот процес и за продлабочување на соработката помеѓу академската заедница и бизнис секторот.

Заблагодарувајќи се на соработката со ТИТАН Усје, деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски, истакна дека таа е резултат на долгогодишното стратешко партнерство меѓу факултетот и компанијата, кое кулминира со проектот „Знаење + CO₂ –“, од што се очекуваат значителни придобивки за сите вклучени страни. „Соработката со ТИТАН Усје има особено значење за квалитетот на образовниот процес. Новиот центар ќе овозможи студентите да се запознаат со најновите технологии, иновации и трендови во градежната индустрија, што ќе придонесе за нивна подобра подготвеност за професионалните предизвици,“ нагласи деканот Јосифовски.

Главниот извршен директор на ТИТАН Усје, Константинос Николау, посочи дека соработка е дел од  долгорочна определба на компанијата за обезбедување ефективна поддршката на академската заедница. „Во време на брзи технолошки промени и процеси на декарбонизација, партнерството помеѓу бизнис  секторот и универзитетите не е избор, туку неопходност. Преку проектот ‘Знаење + CO₂ –’ сакаме нашите знаења, искуства и иновации да бидат дел од академскиот процес и активно да придонесат за развој на млади, квалитетни кадри и за поодржлива иднина“, истакна Николау.

Истакнувајќи ја континуираната соработка помеѓу ТИТАН Усје и Градежниот факултет, како одличен модел за соработка на бизнисот и науката, министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, потенцираше дека ваквите проекти се целосно усогласени со политиките на Владата и Министерството во областа на образованието, науката и одржливиот развој. „Подигнувањето на квалитетот на високото образование и создавањето подобри можности за младите се меѓу нашите врвни приоритети. Соработката меѓу универзитетите и општествено одговорните компании е важен предуслов за задржување на младите во земјата и за создавање современ образовен систем и одржлива иднина“, истакна министерката Јаневска.

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Билјана Ангелова, ја нагласи важноста на ваквите партнерства во услови на динамични пазарни промени. „Соработката со реалниот сектор е клучна за современото високо образование. Проекти како овој покажуваат како знаењето, науката и практиката можат да се поврзат во заедничка цел: создавање конкурентни и подготвени млади професионалци“, рече ректорката  Ангелова, најавувајќи интензивирање на ваквите иницијативи и во иднина.

По официјалниот дел, присутните имаа можност да го посетат новиот центар и да се запознаат со неговата намена и можностите што ги нуди за студентите и наставниот кадар.

Проектот „Знаење + CO₂ –“, во чии рамки се реализира и оваа соработка,  е заедничка иницијатива на ТИТАН Усје и Градежниот факултет при УКИМ, насочена кон унапредување на едукацијата, истражувањето и подигнувањето на свеста за одржлив развој и декарбонизација во градежната индустрија. Проектот се реализира преку три главни модули: Едукативен модул; Модул за истражување и развој; и Модул за подигнување на свеста, вклучувајќи младински натпревари, изложби и други активности.

Како пионер во примена на принципите на кружната економија, ТИТАН Усје континуирано инвестира во дигитализација, иновативни технологии, еколошки типови цемент и обновливи извори на енергија, со јасна цел – намалување на јаглеродниот отпечаток и создавање одржлива иднина за градежниот сектор. Во последните пет години, компанијата инвестираше повеќе од 6 милиони евра во дигитализација, решенија базирани на вештачка интелигенција, иновативни технологии и одржливи практики, вклучувајќи и еколошки типови цемент и обновливи извори на енергија, како што се соларната енергија и алтернативните горива. Инвестициите во овие области ќе продолжат и планирано е во следните три години да се инвестираат дополнителни 20 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy