
Нотингем форест во меч со седум гола го совлада Саутемптон
Таиво Авонији со два гола за три минути му донесе предност на Нотингем Форест од 2-0 до 21. минута, по што Алкараз намали на 1-2 во 25. минута. Домаќините продолжија со нападите и добија пенал во 44. минута, кој го реализираше Гибс-Вајт.
Саутемптон немаше што да загуби во вториот дел, па тргна со сите сили кон голот на Нотингем Форест, при што постигна гол за 2-3 во 51. минута.
Данило набрзо ја врати предноста од два гола на домаќините, откако погоди за 4-2 во 73. минута, а Саутемптон до крајот на мечот предку Ворд-Праус намали на 3-4 со удар од белата точка.
Нотингем се наоѓа на 16. место со 33 бодови, односно три повеќе од Лестер кој е во зоната за испаѓање.
