Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Норвежанецот Руд ќе биде ривалот на Ѓоковиќ во финалето во Париз
Спорт

Норвежанецот Руд ќе биде ривалот на Ѓоковиќ во финалето во Париз

09/06/2023

AA

Каспер Руд се пласира во финалето на Ролан Гарос втора година едноподруго, но овој пат ќе се обиде да стигне до сјајниот трофеј, за што ќе треба да го совлада Новак Ѓоковиќ.

Норвежанецот доминираше во вечерашното полуфинале против Александер Зверев, триумфирајќи со 6-3, 6-4, 6-0 за нешто повеќе од два часа игра. Со оглед на тешката повреда на Зверев на скочниот зглоб, пред околу една година и полуфиналето е голем успех. Сепак, не можеше против 24-годишниот Норвежанец, кој сега изедначи на 2-2 во меѓусебните дуели и делува сè постабилно на важните турнири.

Меѓутоа, за да се вброи меѓу освојувачите на грен-слем, ќе мора да го надигра човекот кој атакува да има најмногу такви пехари – Новак Ѓоковиќ.

„Ќе биде тешко, минатата година против Рафа, сега против НОвак. Тоа се двајца од најдобрите тенисери во историјата, така што ќе бидам аутсајдер. Ќе играм како денеска, без многу емоција, само ќе се обидам да уживам и да се смеам колку што можам. Новак се обидува да биде најголемиот на сите времиња, ќе игра за својата 23. титула од грен-слемите, а јас за првата. Тоа е голема разлика, но се надевам дека ќе пружиме добар меч“, рече четвртот на светот, Руд.

Двајцата тенисери досега се сретнале четири пати, последно АТП-финалето во 2022 година, а Ѓоковиќ ги добил сите четири соочувања. Претходно денеска, тој во полуфиналето беше подобар од Карлос Алкараз во четири сета.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
Македонија

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без

09/08/2026
Македонија

Почина Мила Камбовска, екс судија во Врховен суд

09/08/2026
Македонија

Мотоциклист загина кај ресенско, изгубил контрола и излетал од пат

09/08/2026
Македонија

САЕ „Тигар“ и полицијата трагаат по 71-годишно лице кое исчезнало

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44935
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во друго возило

09/08/2026

Високите температури предизвикале колапс кај возач, кој додека управувал возило изгубил свест и удрил во друго возило. Пациентот со повреди

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави својот заштитник Свети Пантелејмон

09/08/2026

Со Света празнична архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со свештенството и во присуство на

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор од животна опасност

09/08/2026

Пациентот кој беше транспортиран од Турција по претрпена тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, со добри витални

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy