Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Номагас“ го затвора тендерот за избор на изведувач за гасоводот со Грција
Економија

„Номагас“ го затвора тендерот за избор на изведувач за гасоводот со Грција

20/11/2024

AA

Номагас АД Скопје денеска
го затвори тендерот за избор на изведувач на градежни работи за изградба на
гасоводот за интерконекција помеѓу Македонија и Грција. Проектот е еден од
најзначајните инфраструктурни зафати во енергетскиот сектор како во државата
така и во регионот, кој треба да обезбеди алтернативен извор на природен гас и
диверзификација на снабдувањето.

Крајниот рок за прием
на понудите беше 20 ноември. На тендерот се јавија 5 компании од кои 4 (четири)странски
и 1-на (една) домашна компанија. Меѓу пристигнатите понуди една е од домашна
компанија, две се од италијански компании и по една понуда од компании од
Турција и Србија.

„Тендерската постапка беше
отворена, а компанијата која ќе биде избрана ќе има рок од две години за
изградба на македонскиот дел од интерконекторот, во должина од 67 километри. Се очекува до крајот на годината да биде финализиран
изборот, како и потпишувањето на потребните договори, со компанијата која ќе ги
изведува градежните работи, со што, според
очекувањата, изградбата ќе започне напролет. Средствата за изградба
на интерконекторот се обезбедени преку кредити и грантови од меѓународни
финансиски институции, меѓу кои Европската инвестициска банка (28,9 милиони
евра), Европската банка за обнова и развој (44 милиони евра), инвестициски
грант преку ВБИФ (9,9 милиони евра), како и техничка помош (100% грант) преку
програмата ВБИФ за надзор, инспекциско тело и административна помош за НОМАГАС
АД Скопје“, велат од Номагас. 

Гасоводот ќе овозможи
не само транспорт на природен гас, туку и водород, со што ќе се придонесе кон
транзицијата кон зелена енергија и исполнување на европските стандарди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОРУПЦИЈА ВО КРИВИЧНИОТ СУД: Полицаец и доставувач земале пари за

25/04/2026
Македонија

Обезбедени 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ

25/04/2026
Македонија

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска

24/04/2026
Македонија

Филипче беше прашан дали се плаши од најавите за апсења

24/04/2026
Македонија

Јужнокорејски коктел на црно: Што се вбризгувало во телата на

24/04/2026
Македонија

ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО ВОН ФУНКЦИЈА: Овој викенд нема да работи

24/04/2026
Македонија

УЈП потсетува: 27 април е краен рок за поднесување ДДВ-пријава

24/04/2026
Македонија

Лесната пешадиска баталјонска група доби највисока оцена за борбена подготвеност

24/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42868
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОРУПЦИЈА ВО КРИВИЧНИОТ СУД: Полицаец и доставувач земале пари за да „средат“ ослободителна пресуда

25/04/2026

​Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против двајца вработени во Основниот кривичен

Обезбедени 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата

25/04/2026

Согласно заклучокот од владината седница, Министерството за здравство официјално ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила опремени со

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска акција за лажни ботокси и

24/04/2026

Основниот кривичен суд Скопје ги донесе конечните одлуки за мерките за обезбедување присуство на осомничените лица опфатени во последната акција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy