Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЛБ СКЛАДИ ОД СЛОВЕНИЈА, ЧЛЕНКА НА НЛБ ГРУПАЦИЈАТА, КУПУВА СРПСКА КОМПАНИЈА ЗА ГРАДСКО ОСВЕТЛУВАЊЕ – ова се деталите за зделката
Економија

НЛБ СКЛАДИ ОД СЛОВЕНИЈА, ЧЛЕНКА НА НЛБ ГРУПАЦИЈАТА, КУПУВА СРПСКА КОМПАНИЈА ЗА ГРАДСКО ОСВЕТЛУВАЊЕ – ова се деталите за зделката

10/06/2025

AA

Словенечката компанија НЛБ Склади, која припаѓа на групацијата НЛБ, а
неодамна стана сопственик на македонската компанија Генерали инвестментс, по
што таа се преименуваше во НЛБ Фондови, ќе купува српска компанија, и тоа за
градско осветлување и енергетска обнова на згради.

Такво известување стигнало до нашата Комисија за заштита на конкуренцијата,
со оглед што Групацијата НЛБ има сериозен бизнис во земјава, претставен преку
НЛБ Банката, една од трите најголеми и најуспешни банки во земјава, потоа НЛБ
Лизинг, како и од скоро НЛБ Фондови.

„До
Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација
која се однесува на стекнување на контрола од страна на НЛБ Склади – Зелени
преход I А, наменска дружба за наложбе, Д.О.О, со седиште во Љубљана,
Словенија над друштвото Ресалта
Градско осветлување и енергетска обнова на згради Д.О.О.
Белград, Србија“, извести вчера Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Односно, како што наведоа оттаму, како учесник во зделката се јавува НЛБ
Склади – Зелени преход, наменска дружба за наложбе, д.о.о., која е дел од НЛБ Групата.

„НЛБ
Групата во Северна Македонија моментално има три поврзани друштва: НЛБ Банка АД Скопје со приоритетна
дејност-друго монетарно посредување, потоа друштвото за
лизинг НЛБ ЛЕАСЕ&ГО ДОО Скопје, со
приоритетна дејност финансиски лизинг, и друштвото за управување со отворени и затворени
инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, со приоритетна дејност: дејности на
управување со фондови“, објаснуваат од КЗК.

Додека, пак, регистрирана дејност на Ресалта градско осветлување и енергетска обнова на згради
од Белград е инженерски активности и техничко советување.

Таа компанија, како што објаснуваат од КЗК, нема поврзани
субјекти регистрирани во земјава,
ниту, пак, има остварено промет во 2024 година на пазарот во Македонија.

„Според
подносителот на известувањето,
предложената концентрација се однесува на пазарите наобезбедување услуги за енергетска ефикасност
во јавни згради во Србија, како
и на обезбедување
услуги за реконструкција на системот за јавно осветлување во Србија“, велат од КХВ и додаваат дека врз
основа на прелиминарното испитување,
Комисијата утврдила
дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за
заштита на конкуренцијата.

„Сепак
конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува
заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа
концентрација до Комисијата“, се
наведува во објавата од Комисијата.

НЛБ Банка Скопје во 2024 година
забележа стабилен раст на активата, кредитите и депозитите, како и
раст на добивката.
Силен фокус има на дигитализација, корпоративна и зелена политика, како и
проширување со нови услуги за управување на активи.

Добивката
на крај на 2024 година на НЛБ Банка Скопје изнесува 53,6
милиони евра и е за 2,4 отсто повисока од претходната година. Во
првиот квартал од 2025 година, НЛБ Банка оствари нето добивка
во износ од 11,7 милиони евра, што претставува
зголемување за 6,1 отсто
во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година. НЛБ Банка Скопје е трета по големина банка во земјава, со удел од 15,6 отсто во
вкупните средства и преку 20 
отсто на пазарот на кредитите и депозитите.

НЛБ
Склади го презеде сопствеништвото над Генерали Инвестменст Скопје веќе од мај 2024 година, и
официјално се преименува во НЛБ
Фондови, како дел од ребрендирањето, за што се одржа и официјален настан на 14 декември 2024 година
.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy