Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИТУ ИМАШЕ ВРАБОТЕНО СТРУЧНИ „НУКЛЕАРЦИ“, НИТУ ПРОРАБОТЕ ЗА ЦЕЛИ 14 ГОДИНИ – еве зошто Владата ќе ја затвора Националната агенција за нуклеарни технологии
Економија

НИТУ ИМАШЕ ВРАБОТЕНО СТРУЧНИ „НУКЛЕАРЦИ“, НИТУ ПРОРАБОТЕ ЗА ЦЕЛИ 14 ГОДИНИ – еве зошто Владата ќе ја затвора Националната агенција за нуклеарни технологии

23/12/2024

AA

На почетокот на декември Владата до Собранието достави Предлог закон за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за
нуклеарни технологии на Република Македонија.

Така што, веќе е стартувана процедурата за да се донесе одлука со која Агенцијата за нуклеарна технологија, која беше основана во далечната 2014 година, ќе треба да се затвори. 

Од Владата, која е предлагач на Законот, во своето обраложение велат дека таа Агенција фактички не проработи функционално. 

Тоа и го навеле во оценката на состојбите и за причините зошто треба да се донесе овој закон. 

„Националната агенција за нуклеарни технологии е основана со
Законот за основање на Националната агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија. Но, од почетокот на основањето на оваа
агенција истата функционално не проработи, односно само одреден краток период со неа
раководеше вршител на должноста директор, без да има вработено стручен и административен
кадар и без да ги остварува надлежностите за кои е основана.
Заради наведеното од страна на Министерството за образованите и наука изготвен е овој
Предлог на закон за престанување на важење на Законот за основање на Националната агенција за
нуклеарни технологии на Република Македонија“, се вели во владиното образложение. 

Затоа и се нагласува дека основна цел на овој закон е да престане да важи Законот за основање на Националната агенција за
нуклеарни технологии, но и да се намали бројот на јавните установи кои
постојат, но фактички не се активни и не ги извршуваат надлежностите за кои се основани. 

За реализирање на овој закон нема да бидат потребни дополнителни финансиски средства, ниту има материјални обврски за одделни субјекти. 

На брифинг со новинарите, министерката за енергетика на земјава, Сања Божиновска, токму истите овие причини ги наведе како мотив зошто треба да се донесе ова законско решение спо кое ќе се затвори Агенцијата.

Инаку, за потсетување, Законот беше донесен во 2010 година, на предлог на тогашниот министер за образование Никола Тодоров.

Идејата при формирањето на оваа Агенција беше развој на технологии и истражувања од областа на нуклеарната физика, физиката на елементарните честички и други истражувања од областа на нуклеарната наука. Целта беше преку Агенцијата да се учествува во научните програми на Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН, учество на научници, инженери, техничари и друг стручен кадар од земјава, во истражувачките проекти на ЦЕРН, развивање апликации за индустријата, развивање медицински апликации, развивање апликации од областа на енергетиката, изработка на проекти за примена на нуклеарни апликации за мирновременски цели, едукативни активности во областа на нуклеарната наука и технологија, и во други сродни области, соработка со домашни и странски институции и организации од областа на нуклеарните технологии…

Секоја година во Буџетот беа определувани средства за работа на оваа Агенција кои биле користени за хонорарите на членовите на Управниот одбор.
За тоа колку земјава нема експерти кои работат на нуклеарна технологија, се споменуваше и во една од „бомбите“, кои ги објавуваше своевремено тогашната опозиција предводена од Зоран Заев.
Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната

15/02/2026
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41486
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната покривка на планините

15/02/2026

Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е

15/02/2026

Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

15/02/2026

Кога спортскиот успех ќе се претвори во бројки и ќе се сведе на иста валута, станува јасно дека регионалната спортска

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy