Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ниту хемиска, ниту тешка индустрија“ – Стојкоски со отворено писмо до Арсовска
Македонија

„Ниту хемиска, ниту тешка индустрија“ – Стојкоски со отворено писмо до Арсовска

10/06/2025

AA

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, остро реагира на изјавите на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во кои таа сугерира дека на територијата на општината се дозволува изградба на „хемиска фабрика“. Во отворено писмо до јавноста и медиумите, Стојкоски ги нарекува обвинувањата „сериозни, неосновани и тенденциозни“, оценувајќи дека целта е ширење паника и политичка конфузија.

„На територијата на нашата општина не постои ниту една локација на која е предвидена, ниту ќе се дозволи, изградба на објекти од тешка индустрија, а уште помалку ‘хемиски фабрики’, како што таа тенденциозно наведува“, пишува Стојкоски.

Според него, шпекулациите се однесуваат на веќе постоечки објект со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, што е во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, за кој, како што нагласува, Арсовска има обврска да го почитува.

Стојкоски појаснува дека објектот има сопствена пречистителна станица, е под постојан надзор на Министерството за животна средина, и досега не е евидентирана ниту една еколошка забелешка или проблем. Напротив, како што вели, ги надминува дури и најстрогите еколошки стандарди.

„Со новиот детален урбанистички план што го усвоивме, три и пол пати е намалена површината за индустрија во споредба со претходниот план. Тоа е вистинската слика – нашите одлуки се во насока на заштита на животната средина“, наведува градоначалникот на Ѓорче Петров.

Во писмото, Стојкоски ја обвинува Арсовска за неуспешна и конфузна градска политика, обвинувајќи ја дека со лажни наративи се обидува да го прикрие сопствениот неуспех и да се наметне над институциите – па дури и над Уставниот суд.

„Иницијативата на г-ѓа Арсовска против општината беше целосно отфрлена. Уставниот суд утврди дека Општина Ѓорче Петров не донела ниту еден противзаконски акт“, потсетува Стојкоски.

Градоначалникот ја повикува јавноста да не подлегнува на „евтин политички театар“, уверувајќи дека Ѓорче Петров ќе продолжи со транспарентен развој, во интерес на граѓаните и во рамки на законот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy