Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИТУ ЕДНА ОД ЧЕТИРИТЕ СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА НЕ Е ДОВОЛНА ДА ГО НАМАЛИ ДЕФИЦИТОТ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ БИЛАНС: Битиќи најави  големи инвестиции
Економија

НИТУ ЕДНА ОД ЧЕТИРИТЕ СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА НЕ Е ДОВОЛНА ДА ГО НАМАЛИ ДЕФИЦИТОТ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ БИЛАНС: Битиќи најави големи инвестиции

15/02/2024

AA

Ниту една од четирите стратешки инвестиции во енергетиката кои го поминаа првиот филтер во Собранието да се носат по скратена постапка не е доволна да го намали дефицитот кој го имаме во енергетскиот биланс. Токму тоа е и причината што државата не ги гради сама, туку бара стратешки инвеститори за нивна реализација, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Ќе има простор и ние да изградиме доволно фотоволтаични и гасни централи затоа што не се доволни само овие четири. На јавен оглас кој беше отворен за сите се појавиле овие четири инвеститори кои кажале ние сакаме да помогнеме со наши приватни  инвестиции. Со тоа креираме појасна иднина за нашите граѓани дека ќе живеат во градови во кои ќе има чист воздух. Воедно нема да бидеме повеќе зависни од гас, струја, и не треба воопшто да се плашиме. Нашата долгорочна стратегија е да имаме доволно количина на енергија за сите потреби на граѓаните и државата, рече Битиќи во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“.

Нагласи дека во Стратегијата за енергетика е јасно напишано дека приватните инвестиции ќе помогнат да се направи целосната енергетска транзиција која ќе трае до 2040 година.

За најспорната за експертската јавност когенеративната гасна централа Митилинеос, која треба да се гради во скопската железарница, рече дека освен што ќе се добијат дополнителни количини на струја за енергетскиот систем со нејзината изградба ќе се задоволат и потребите за топлинска енергија во Скопје.  

-Со договорот за стратешката инвестиција на Митилинеос за изградба на когенеративна централа во Скопје, обезбедивме модел со кој ќе се добие поевтина струја за граѓаните во наредните 20 години. Потребата од топлинска енергија во Скопје е 510 гига вати, а моментално се произведува 275 гига вати, имаме разлика која е израз на потребата за затоплување на домовите во Скопје. Со изградбата на оваа централа, таа потреба ќе биде задоволена, а со тоа ќе се обезбеди и топлинска енергија за дополнителни 36.000 домаќинства во главниот град, рече Битиќи.

Според Атанаско Тунески, професор на Машинскиот факултет во Скопје ефектите од законот за Митилинеос се катастрофални за земјава, а бројките се фрапантни и ќе доведат до финансиски колапс на државата.

-На Митилинеос му се дава државна помош од 50 милиони евра во кеш, плус исто како државна помош може да се смета што му се дава плац од 115 илјади квадратни метри, тоа се 20 фудбалски игралишта со закуп од само 10 денари по квадратен метар месечно, што е повторно државна помош затоа што овој закуп во Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) чини четири евра за квадратен метар. Третиот и најважен тип на државна помош е тоа што му се гарантира дека сета струја и сета топлина ќе му се купи и тоа по цени што се за 15 до 35 отсто повисоки од берзанските, рече Тунески.

Порача дека секој трговец знае што значи да се купи гарантирано количество,  а тоа, додаде, значи дека се што ќе произведе Митилинеос земјава ќе мора да го купи и дури доколку не и треба.

-Попластично, кога не ни треба топлина ќе ја плаќаме, кога не ни треба струја во ноќно време, сеедно што Македонија во одредени ноќни периоди извезува струја ќе има обврска да купува струја од Митилинеос. Сето тоа непотребно ќе го плаќаме и на годишно ниво тоа непотребно плаќање ќе не чини 20 милиони евра, посочи Тунески.

Како што кажа, тоа што директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски укажал дека во државната каса треба да се слеат од 120 до 150 милиони евра на име на данок од Митилинеос укажува дека компанијата ќе има профит од 1,2 до 1,5 милијарди евра од објектот што ќе го изгради за период од 30 години колку што е предвидено да трае закупот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy