Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ниту една казна лани за договарање повисоки цени
Економија

Ниту една казна лани за договарање повисоки цени

11/04/2024

AA

Парадоксално, но вистинито – ниту една казнена мерка лани не е изречена против монополско здружување и концентрирање во земјата во година кога државата требаше да се бори против најголемиот инфлаторен пораст на цените и незапирливиот бран на поскапувања.

Комисијата за заштита на конкуренцијата, како што пишува во нејзиниот извештај за работењето во 2023, не открила антимонополски договори склучени помеѓу претпријатија, одлуки во рамките на нивните здруженија, или пак усогласено однесување за спречување, ограничување или нарушување на конкуренцијата.

„Во 2023 година Комисијата за одлучување по прекршок не донесе решение за
постоење на забранет договор, одлука или усогласено однесување“, констатира независната комисија во годишниот извештај. Покрај тоа, не е донесено ниту какво било решение за
постоење на злоупотреба на доминантната позиција на некое претпријатие.

Комисијата за заштита на конкуренцијата дала позитивно мислење по барање на Министерството за економија за „Законот за забрана
на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и
прехрамбени производи“, при што биле прифатени сите нејзини предлози. Овој закон треба да започне да се применува за шест месеци и се очекува да даде придонес во намалувањето на цените на околу 2.600 производи од листа која веќе е објавена.

Инаку само четири казни во текот на минатата година биле испишани од Државниот пазарен инспекторат постапувајќи по одлуката на Владата од 30 септември 2023 да се замрзнат цените на поголем број основни прехранбени производи во трговијата.

Во извештајот за второто полугодие на ДПИ пишува дека четирите казни за непочитување на ограничената профитна маржа и рабат во маркетите изнесувале заедно 498.150 денари. До крајот на минатата година биле платени само две во висина од вкупно 196.000 денари. Поголемиот дел од казните биле главно изречени за „недисциплина“.

Државата во борбата против инфлацијата главно се потпираше на одлуки за замрзнување на цени и тоа на основните прехранбени производи. Имаше и монетарни мерки од страна на Народна банка за дестимулирање на потрошувачката.

Беше воведен и солидарен данок за дополнително оданочување на компаниите кои претходната година „профитирале од кризата“, односно оствариле промет над 10 милиони евра, а добивката била зголемена за 20 отсто во однос на просекот од последните три години.

Според пресметките на Владата, требаше да се обезбедат средства во висина од 50 до 80 милиони евра, но без отчет за тоа како се искористиле овие средства за справување со кризата. Објаснувањето на Владата беше дека ќе бидат наменети за антикризни мерки за поддршка на компаниите и граѓаните, како и за одржување на нивото на јавниот долг.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy