
Ниски температури и снег низ Македонија: Најстудено на Попова Шапка -4 степени
Зимското време и денес донесе ниски температури и снежни врнежи во поголем дел од државата. Најниска максимална температура е измерена на Попова Шапка со -4 степени, по што следува Крушево со -3 и Маврови Анови со -2 степени. Температурите околу нулата се забележани во Тетово, Прилеп, Штип и Битола, додека највисока дневна температура од 4 степени е измерена на Скопје-Петровец, а 2 степени во Охрид и Виница.
Во изминатите девет часа до 16 часот, најмногу врнежи се измерени во Маврови Анови — 6 литри на метар квадратен. Во Битола, Демир Капија и Претор врнежите достигнаа 4 литри, а по 3 литри има во Тетово и Гевгелија. Помали количества се забележани и во неколку други градови, меѓу кои Штип, Крушево и Скопје-Зајчев Рид.
Снежната покривка изнесува 34 сантиметри на Попова Шапка и 17 сантиметри во Маврови Анови, а во Битола се измерени 12 сантиметри. Снег се задржа и во Крушево, Претор, Штип и Демир Капија, додека во дел од котлините снежниот слој е значително понизок.
До крајот на денот времето ќе остане облачно со повремени локални врнежи од снег.
Утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне на места ќе има врнежи од дожд и снег, а на повисоките места исклучиво снег. Попладне облачноста ќе се намалува, а ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде од -4 до 0 степени, додека максималната ќе се движи од 2 до 7.
Во Скопје утре ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Утрото ќе изнесува до -2 степени, а дневната температура ќе се искачи до 4 степени.
Во следните денови времето ќе остане променливо, со постепено покачување на дневните температури. По котлините е можна појава на магла. Од сабота кон вечерните часови се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се најавуваат во недела попладне и во текот на ноќта, кога на повисоките места дождот ќе преминува во снег.
